Како одењето на концерти е поврзано со здравјето?

Кога научниците ќе ни откријат нова студија предупредувајќи нè од страшните последици на нашата опсесија со чоколади, колачи и вкусни пити, никој од нас не сака да ги послуша и да ја признае нивната експертиза. 

kako-odenjeto-na-koncerti-e-povrzano-so-zdravjeto-001.jpg

Ќе си кажеме па денес кажуваат едно, утре друго, кој може веќе да ги следи. Но, кога ќе ни откријат нова студија во која ќе ги докажат предностите од некоја активност која веќе со задоволство ја правиме, тогаш не само што ќе ги послушаме, туку и ќе ги пофалиме за нивниот успех.

Еве едно такво достигнување спроведено од научниците во центарот за рак Меморијал Слоун Кетеринг. Кога на своите пациенти им пуштале верзија на музика во живо во споредба со обична снимка, откриле дека верзијата во живо промовира поголема добросостојба и го намалува стресот на нивните пациенти.

Можеби нема да заиграте кога слушате музика и работите, но кога сте на концерт, дефинитивно не можете да останете смирени и да дозволите да помине моментот без да ги покажете своите најдобри потези.

Ова откритие не е ново или непознато за јавноста. Веќе и самите си знаеме колку добрата музика може да придонесе за нашето расположение. Секогаш кога сме тажни, нерасположени или под огромен стрес имаме тенденција да пуштиме музика која претходно успеала барем да ги намали тие лоши чувства.

Од друга страна сигурни сме дека сите сме забележале како добрата музика може уште повеќе да ги зголеми и нагласи убавите чуства, без разлика што ги предизвикало. 

Па, треба да им кажеме благодарам на светските научници што ни ја потврдија теоријата која веќе добро си ја знаеме.

И сега нема никаков изговор за да не одиме на секој добар концерт. На крај најважно е да си останеме среќни и здрави, а ова е одличен начин да го постигнеме токму тоа.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава