5 здрави навики кои може да ви го продолжат животот со децении

Истражувачи од Универзитетот Харвард открија дека практикувањето на 5 едноставни здрави навики можат да ви го продолжат животот за повеќе од 1 деценија. 

5-zdravi-naviki-koi-moze-da-vi-go-prodolzat-zivotniot-vek-01.jpg

Се потврдило дека доколку ги практикувате, жените може да си „додадат“ 14 години на животниот век, а мажите 12 години.

Веројатно се прашувате за кои 5 здрави навики станува збор, а одговорот е прилично јасен и едноставен: здрава исхрана, редовно вежбање, одржување на здрава телесна тежина, ограничен внес на алкохол и избегнување цигари.

Доколку си помислувате дека ова не е ништо ново и веќе сме го слушнале 100 пати досега, истражувањето од Харвард концизно ги покажува позитивните ефекти од овие здрави навики.

Потврдено е дека луѓето кои ги практикуваат истите ги намалуваат шансите за предвремена смрт поради кардиоваскуларни болести за неверојатни 82%, а се намалуваат и шансите за смрт од рак за 65%.

Ова заклучок е донесен во споредба со оние кои во изминатите 30 години помалку ги практикувале петте здрави навики.

Генерално, здравите поединци имаат 74% помали шанси за предвремена смрт, заклучува истражувањето.

Се верува дека оваа студија би можела да влијае на животниот стил кој го водат луѓето и долговечноста.

Резултатите јасно покажале дека сите оние кои не пушат цигари, имаат здрав индекс на телесна маса, физички се активни најмалку 30 минути дневно, консумираат умерени количини на алкохол (на пример, една мала чаша вино дневно) и се хранат здраво, директно влијаат врз должината на животниот век.

Па доколку сакате да живеете подолго, добро размислете околу вашите избори и животните навики.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg