Средствата за самопотемнување носат штетни последици по кожата и органите за дишење

Брз ефект, долготрајна штета. Вака некако би можеле да ги опишеме средствата за самопотемнување. Летото е на прагот и сите имаме желба да постигнеме чоколадно-бронзен тен. 

Sredstvata-za-samopotemnuvanje-nosat-stetni-posledici-po-zdravjeto-01.jpg

Но, штетните последици од средствата за самопотемнување се рефлектираат на вашата кожа и органите за дишење.

Сончевите зраци се штетни. Тука нема никаква дилема. Кожата старее побрзо од претераната изложеност на сонце, а постои и опасноста од рак на кожата.

Но, повеќето од нас замижуваат на овие статистики. Бидејќи никој не сака да ги покаже нозете бели како сирење.

Солариумот одамна не е во мода, меѓутоа средствата за самопотемнување делуваат како ветената земја: лесно достапни, економични, едноставно се нанесуваат, а со новите формули не оставаат дамки и боја врз облеката и постелнината.

Но, познат британски дерматолог предупредува дека самата постапка на самопотемнување има штетни последици врз кожата како и сончањето со природни зраци.

Имено, активната состојка во ваквите средства позната како „DHA“ предизвикува потемнување на површинскиот слој на кожата под истите стресни околности како и при процесот на нормално сончање.

„Не знаеме сè уште кои се долгорочните последици, но откриено е дека оксидацијата е поврзана со стареење и болести“, истакнува д-р Стефани Вилијамс од клиниката за кожни болести „Eudelo“.

Со други зборови – и сончањето и самопотемнувањето го имаат истиот неповолен резултат и кожата неповратно страда.

За работата да биде полоша доколку користите спреј за самопотемнување состојката „DHA“ нема само да ја нанесете на кожата, туку и ќе ја вдишете.

Кога дихидроксиацетонот (целосното име на опасната состојка) ќе навлезе во белите дробови може да предизвика астма и многу други проблеми, но и рак.

Сепак, не е сè толку црно, тврди докторката Дорис Деј, дерматолог од Њујорк.

Нема потреба да ги фрлите сите производи за самопотемнување. Но внимавајте да ги нанесувате во контролирано количини и да ги заштитите носот, устата и очите.

Најдобро е средствата да се нанесуваат навечер, наместо наутро, за да ги ублажите последиците од оксидацијата на кожата.

Но докторката од Велика Британија смета дека би било најпаметно да не употребувате никакви средства за самопотемнување.

„Мораме да научиме да ја прифатиме својата природна боја на тенот“, изјавува таа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Пет проблеми со здравјето што се јавуваат во лето (и како да ги избегнете) Промените и проблемите со дигестијата, заедно со сувата кожа, можат да бидат при...

Најчитани неделава