За време на интимните односи: Што им предизвикува болка на жените?

Иако чинот на водење љубов треба да им причинува задоволство, реалноста е дека за мноштво припаднички од понежниот пол не е ни малку пријатен.

 za-vreme-na-intimnite-odnosi-shto-im-predizvikuva-bolka-na-zhenite-1.png

Болката во текот на сексот не е ретка појава, а ја доживуваат жени од сите возрасни групи. Соочувањето со овој проблем, пак, вообичаено е трауматично искуство за дамите.

Неодамнешната научна студија направена во Велика Британија, потврдува дека една од десет жени на возраст помеѓу 16 и 74 години, страда од диспареунија или болен сексуален однос.

za-vreme-na-intimnite-odnosi-shto-im-predizvikuva-bolka-na-zhenite-2.gif

Болката не е секогаш лоцирана во самиот полов орган, туку може да се јави и во близина на влезот од вагината, или, пак, длабоко во карлицата.

Притоа, непријатноста поврзана со сексуалниот однос, односно диспареунијата, може да има физичка или емоционална позадина.

 za-vreme-na-intimnite-odnosi-shto-im-predizvikuva-bolka-na-zhenite-3.jpg

Според авторката на научната студија, Кирстин Мичел, постојат три најчести причини кои доведуваат до нејзина појава:

„Понекогаш се работи за неоткриена здравствена состојба или инфекција. Кај некои жени постои недостаток на самодоберба и несигурност да поразговараат со својот партнер околу тоа што сакаат и што не сакаат во кревет. Па, тие  имаат „сексуални активности“ кои не им се пријатни и не уживаат во нив. Дел од нив, пак, вознемирани се и не се опуштени за време на односот, поради што се појавуваат болките.“

 za-vreme-na-intimnite-odnosi-shto-im-predizvikuva-bolka-na-zhenite-4.jpg

Споменатото истражување е објавено во „BJOG: An International Journal of Obstetrics and Gynaecology“, а биле вклучени 7.000 сексуално активни испитанички.

Резулатите покажуваат дека на болки при интимните односи првенствено се жалат жените меѓу 55 и 64 години, како и девојките на возраст од 16 до 24 години.

 za-vreme-na-intimnite-odnosi-shto-im-predizvikuva-bolka-na-zhenite-5.jpg

Воедно, ваквиот проблем е најизразен во ситуациите коишто претставуваат стресни за жените во кревет.

Оттука, препораките за секоја од нив се да не оди против сопствената волја, туку да го прави само она во кое навистина ужива во постелата. За таа цел, неопходно е и отворено да говори за интимните теми со партнерот.

 za-vreme-na-intimnite-odnosi-shto-im-predizvikuva-bolka-na-zhenite-6.jpg

Многу жени со постојана сексуална болка никогаш не посетуваат доктор, а успешниот третман секако зависи од откривањето на самата причина.

Доколку искусувате болен сексуален однос, не двоумете се дали да побарате стручна помош. Лекувањето на проблемот може да направи чуда, како за вашиот сексуален живот и емоционалната интима, така и на сликата за самите себе.

 za-vreme-na-intimnite-odnosi-shto-im-predizvikuva-bolka-na-zhenite-7.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава