Навики со кои несвесно ги влошувате менструалните болки

Додека едни девојки успеваат да го поминат месечниот циклус без земање лекови против болка, други може да бидат со денови во агонија.

naviki-so-koi-nesvesno-gi-vloshuvate-menstrualnite-bolki-01.jpg

Болките во долниот дел од стомакот, во градите, во грбот и половината, но и премореноста, грчевите и раздразливоста се само мал дел од спектарот симптоми кои некои девојки и жени ги чувствуваат пред и за време на, но и по крвавењето.

naviki-so-koi-nesvesno-gi-vloshuvate-menstrualnite-bolki-02.jpg

Освен што поднесувањето на месечниот циклус зависи од самото тело, од генетските предиспозиции и од општата здравствена состојба, постојат и навики и активности со кои ги влошуваме болките, а за тоа не сме свесни.

Стрес

Стресот е една од честите причини за нередовни и/или болни менструации. Кога телото е под стрес, во ендокринолошкиот систем се лачи хормонот кортизол.

Ако неговото лачење е во големи количини и трае многу долго, со недели или месеци, тогаш кортизолот ја нарушува работата на речиси сите жлезди во телото, вклучувајќи ги и јајниците.

Поради тоа, може да се наруши редовноста на циклусот или пак да предизвика болки за време на овулацииите, но и при крвавењето.

Орална контрацепција

Освен кондомите, секој друг метод на контрацепција треба да биде препорачан, одобрен и применуван под надзор на гинекологот.

Оралната контрацепција најчесто е комбинирана хормонска терапија којашто ако не се дозира и применува правилно, може да предизвика сериозни нарушувања во вашиот менструален циклус.

Поради тоа, никогаш не смеете на своја рака да земате контрацептивни таблетки, туку само во консултација со матичниот гинеколог.

Само така ќе можете да го најдете препаратот кој ви одговара и кој нема да ви предизвика нарушување на правилната работа на репродуктивниот систем.

naviki-so-koi-nesvesno-gi-vloshuvate-menstrualnite-bolki-03.jpg

Претерувате со пиење кафе

Предменструалниот период, познат популарно и како ПМС, може да предизвика емоционални турбуленции, напнатост, несоница и раздразливост.

Кога на овие симптоми ќе се додаде кофеин, може да се очекува дека истите ќе бидат далеку поизразени, а со тоа и потешки за поднесување.

Поради тоа, пред добивањето на месечниот циклус и за време на крвавењето, потребно е да го ограничите или целосно исклучите внесот на кафе.

Пиење алкохол

Постојат индиции дека алкохолот може да ги влоши грчевите во матката кои се појавуваат неколку дена пред почетокот на крвавењето и траат и за време на месечниот циклус.

Затоа, избегнувајте го алкохолот доколку често имате грчеви додека сте во ПМС или додека крвавите.

naviki-so-koi-nesvesno-gi-vloshuvate-menstrualnite-bolki-04.jpg

Претерувате со вежбање

Физичката активност е добра за вашето тело и за организмот, но ни со тоа не смеете да претерувате. Доколку сте почетник во вежбањето, не претерувајте, бидејќи за добрите резултати е потребно време.

Со преголема физичка активност, освен што можете да се повредите, може да се случи и да предизвикате хормонална нерамнотежа. Затоа, вежбајте умерено и следете ги инструкциите на вашиот тренер.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава