Непријатни прашања за вагината + одговорите кои секоја жена сака да ги знае

Колку и да се зборува, или, пак, да се практикува сексот, на припадничкиот од понежниот пол им е честипати срам да постават одредени прашања. Особено за сопствениот полов орган.

neprijatni-prashanja-za-vaginata-odgovorite-koi-sekoja-zhena-saka-da-gi-znae-2.png

Меѓу одговорите кои на девојките им е незгодно да ги побараат, вообичаено спаѓаат оние за „нормалниот“ интимен мирис, потоа иритацијата на вагината после односот, па „влажниот“ женски оргазам, како и игрите со храна во постелата.

neprijatni-prashanja-za-vaginata-odgovorite-koi-sekoja-zhena-saka-da-gi-znae-1.png

Ова се четирите непријатни прашања за вагината и одговорите што секоја жена сака да ги знае:

Зошто после односот чувствувам иритација на вагината?

Алергијата на латекс од презервативите може да предизвика иритација на слузницата од половиот орган. За да го потврдите, или, пак, елиминирате ваквиот причинител, обидете се да користите полиуретански кондоми кои не содржат латекс.

Сувоста на вагината за време на сексот, исто така може да доведе до иритации. Во таквите случаи, користете лубрикант и обратете се на гинеколог, како би ги избегнале потенцијалните инфекции.

neprijatni-prashanja-za-vaginata-odgovorite-koi-sekoja-zhena-saka-da-gi-znae-3.jpg

Како (не) треба да ми мириса половиот орган?

Прашањето за интимниот мирис најчесто ги измачува жените, иако мошне ретко го поставуваат. Прво, природниот мирис на вагината не е налик на цвеќе, како што многумина очекуваат или посакуваат. На него влијаат и консумираната храна, односно пијалаците кои ги внесувате во телото.

Она што не е нормално е интензивниот киселкаст мирис на вагината,  кој може да биде симптом за габична инфекција. Тешкиот мирис на риба, пак, повремено е показател за различни вагинални инфекции. 

Никогаш не се обидувајте да го замаскирате или промените природниот мирис, употребувајќи средства за лична хигиена и парфеми. Така може да предизвикате сериозни иритации и инфекции на вагиналната слузокожа.

neprijatni-prashanja-za-vaginata-odgovorite-koi-sekoja-zhena-saka-da-gi-znae-4.jpeg

Смее ли да си играм со храна во кревет?

Во текот на интимните односи, мноштво парови го зачинуваат сексот со храна. Ова може да биде забавно и возбудливо. Сепак, клучна работа е каде точно на телото се ставаат намирниците. 

Мачкањето со чоколаден прелив или шлаг нема да ѝ наштети на кожата. Меѓутоа, никогаш не внесувајте храна внатре во вагината, бидејќи така ризикувате да добиете инфекција.

neprijatni-prashanja-za-vaginata-odgovorite-koi-sekoja-zhena-saka-da-gi-znae-5.jpg

Нормално ли е да „мокрам“ при постигнувањето оргазам?

Во моментот кога задоволството доживува кулминација, некои жени се прашуваат зошто им се „испуштила“ урина од вагината. Всушност – не станува збор за урина. Тоа е течност што жлездите ја лачат околу мочниот канал за време на оргазмот.

Одредени пози во сексот, како што е мисионерската положба, може да доведат до притисок во ова подрачје, што пак го предизвика несаканото „протекување“. Ваквата појава се нарекува и „женска ејакулација“. 

Се случува само кај дел од жените, сосема е природна и не претставува причина за грижа. Доколку, пак, редовно мокрите во креветот, тогаш веројатно во прашање е инконтиненција, поради што се советува јакнење на мускулите со вежби, како и задолжителна посета на доктор.  

neprijatni-prashanja-za-vaginata-odgovorite-koi-sekoja-zhena-saka-da-gi-znae-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg