10 лоши навики со коишто ги размножувате бактериите и ширите зараза

Опседнатоста со чистотата и бактериите дефинитивно може да ве излуди, но и другата крајност е подеднакво опасна.

10-losi-naviki-so-koisto-gi-razmnozuvate-bakteriite-01.jpg

Дознајте кои лоши навики ги размножуваат бактериите и заразата се шири многу побрзо отколку што мислите:

Користење на мобилен телефон додека сте во тоалет

Кога вршите нужда, нечистотиите се разлетуваат во воздухот и слетуваат на сите површини, меѓу кои е и вашиот телефон. Дури и доколку ги измиете рацете, телефонот останува со сите тие нечистотии на него кои повторно се лепат на вашите раце.

Следен пат, оставете го телефонот и читајте ги налепниците на детергентите.

10-losi-naviki-so-koisto-gi-razmnozuvate-bakteriite (10).jpg

Користење на цврст, наместо течен сапун

Да, сапунот ги чисти рацете, но цврстите сапуни можат да бидат место за размножување на бактерии доколку ги користат повеќе луѓе. Наместо тоа, користете течен сапун.

10-losi-naviki-so-koisto-gi-razmnozuvate-bakteriite (2).jpg

Делење на крпите за раце

Секако дека е убаво да се делат работи, но кога станува збор за крпите, определете посебна крпа за секој член на фамилијата.

Перете ги крпите најмалку еднаш неделно или почесто, особено доколку имате деца, за да спречите да се насоберат многу бактерии во крпите.

10-losi-naviki-so-koisto-gi-razmnozuvate-bakteriite (3).jpg

Недоволно миење на рацете 

Оптималното време што треба да го потрошите во миење на рацете со сапун е 20 до 30 секунди.

10-losi-naviki-so-koisto-gi-razmnozuvate-bakteriite (1).jpg

Сушење на рацете со топол воздух

Доколку користите јавен тоалет, се препорачува да го прескокнете сушењето на рацете со апаратот на топол воздух. Студиите покажале дека овој начин на сушење ги распрснува бактериите низ целиот тоалет. 

Затоа, користете хартиени марамчиња и со помош на нив отворајте ги вратите во тоалетот. А доколку нема, само истресете ги рацете.

10-losi-naviki-so-koisto-gi-razmnozuvate-bakteriite (7).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg