Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Што ќе му се случи на вашето тело ако живеете една седмица без стрес?

Само една седмица релаксираност и смирен ум ќе направи чуда за вас.

shto-kje-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-ako-zhiveete-edna-sedmica-bez-stres-01.jpeg

Без разлика колку сметате дека сте отпорни, стресот е нешто што лесно може да завладее со вас.

Од притисоците на работното место поради преголемиот број на работни задачи, а премалата плата, до притисокот успешно да жонглирате со обврските околу домот, партнерот и децата, на крајот од денот неретко сите сме комплетно истоштени.

Стресот е начин на реакција на нашето тело на барањата и заканите со кои се соочуваме, но премногу стрес е штетно за нашето здравје.

Докторите откриваат какви промени ќе ви се случат ако живеете една седмица без стрес:

1. Подобро ќе спиете, нема да ви биде нарушен балансот помеѓу сонот и будноста и нема да бидете истоштени во текот на денот.

shto-kje-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-ako-zhiveete-edna-sedmica-bez-stres-02.jpg

2. Подобро ќе се храните, затоа што нема да имате стресни мигови кога за да се смирите посегнувате по нездрава храна за утеха.

shto-kje-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-ako-zhiveete-edna-sedmica-bez-stres-03.jpg

3. Ќе ви се подобри менталното здравје и нема да се соочувате со анксиозност и депресија, ќе имате бистар ум за да носите вистински одлуки.

shto-kje-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-ako-zhiveete-edna-sedmica-bez-stres-04.jpg

4. Ќе имате помалку срцеви проблеми, затоа што ќе ви се лачи помала количина на хормонот кортизол, кој му штети на срцето.

shto-kje-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-ako-zhiveete-edna-sedmica-bez-stres-05.jpg

5. Ќе имате поголема продуктивност и ќе престанете да занемарувате важни аспекти и забавни активности, само затоа што немате енергија за тоа бидејќи сте под стрес.

shto-kje-mu-se-sluchi-na-vasheto-telo-ako-zhiveete-edna-sedmica-bez-stres-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 тивки знаци дека треба повеќе да се грижите за себе Дури и да се трудите да живеете здраво, вашето тело може да страда... Има н...
5 работи што гинеколозите сакаат да ги знаете Не им е важно дали имате влакна, вагиналниот исцедок е нормален и многу е важно ...
Дали сум во менопауза, зошто имам проблеми со ерекцијата – докторка одговара на најчестите прашања о... Дали антибиотиците се корисни за настинка, која е причината за честите главоболк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg