Навики коишто ги практикувате секојдневно, а ви го влошуваат здравјето

Почнувајќи од станувањето од креветот, па сè до опуштањето после тежок ден, деновите во голема мера ги поминуваме согласно стекнатите навика и речиси воопшто не размислуваме за текот на секојдневните активности.

Naviki-koisto-vi-go-vlosuvaat-zdravjeto-01.jpg

Сепак, само затоа што овие работи ги правиме секојдневно, не значи дека се правилни или добри за нашето здравје.

Прочитајте малку повеќе зошто вашата секојдневна рутина можеби ви го влошува здравјето:

1. Будење

Ако сте како мнозинството, најверојатно не спиете доволно и наутро стискате по неколку пати на Snooze копчето.

Можеби ви се чини дека така се доспивате уште малку, но всушност само го мачите внатрешниот часовник на телото со тоа што неколку пати потонувате во сон и се будите, што само го прави потешко станувањето.

2. Пиење кафе

Многумина тврдат дека наутро мораат веднаш да се напијат кафе за да се расонат. Но, науката вели дека пиењето кафе не е најдобро да се практикува веднаш наутро.

Тоа е затоа што наутро нивото на кортизол е природно високо и кафето тоа може да го наруши. Кафето треба да се пие околу 10 часот, кога започнува да опаѓа нивото на кортизол, за да може да го добиете тој наплив на енергија од кофеинот.

3. Прескокнување на појадокот

Уште една утринска грешка е прескокнување на појадокот, без разлика дали е тоа заради премногу работа или диета.

Всушност појадувањето и јадењето повеќе мали оброци во текот на денот го поттикнуваат метаболизмот и ви помагаат да согорите повеќе калории. Исто така, редовниот утрински појадок ја подобрува вашата концентрација, енергијата и расположението и го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми.

4. Седење

Седењето е уште една од оние навики коишто ги правиме по автоматизам и може многу лесно да го правиме погрешно. Многумина од вас седат згрбавени и со искривен ’рбет, што ги оптоварува пршлените на ’рбетот и ја троши ’рскавицата, што резултира со вкочанетост и болки во грбот.

Кога седите треба да внимавате тежината да ви биде еднакво распоредена и задникот да ви биде малку поназад за грбот да има правилна кривина.

5. Подигање на нозете

Откако ќе си дојдете дома после тежок ден ги качувате горе нозете за да ги одморите и да ја намалите нивната подуеност или отеченост. Грешката ја правите кога не ги подигнувате нозете доволно високо, односно тие треба да бидат дигнати над висината на срцето.

6. Дишење

Кога дишите треба да се потрудите тоа да биде низ носот, бидејќи тој го прочистува и го топли воздухот што го внесувате. Исто така, треба да се трудите да дишете од стомакот а не од градите, бидејќи така вдишувањата и издишувањата се доволно длабоки за да внесете доволно кислород.

7. Туширање

Многумина од вас се тушираат секој ден, а некогаш и по два пати дневно доколку вежбате. Сепак, ова не е научно препорачливо, бидејќи претераното туширање може да ја наруши природната влажност на кожата и да предизвика сува кожа.

Доколку не се потите премногу и не мирисате, тогаш не мора да се туширате секој ден.

8. Миење на косата

Исто како и кожата, така и косата се измива од природните масла со прекумерно миење и може да стане сува и кршлива. Дури и ако се туширате секој ден после вежбањето, не морате да ја миете и косата, освен ако не е премногу мрсна.

9. Миење на рацете

Уште како мали сте научиле да ги миете раце, но тоа не мора да значи дека овој процес сте го научиле правилно.

Рацете треба да се мијат со сапун најмалку 20 секунди. Тоа е оптималното време да се уништат бактериите, инаку само ги разнесувате наоколу. Откако ќе ги измиете треба да ги исушите со хартиени марамчиња.

10. Нанесување крем за сончање

Доколку не нанесувате крем за сончање секој ден кога излегувате надвор на подолго време, време е да почнете. Може да изгорите дури и на облачно време. Користете водоотпорен крем за сончање, да не се измие со потта и истата нека биде со широк УВ спектар.

Немојте да ги миете рацете откако ќе го нанесете кремот за сончање, бидејќи така ќе го измиете кремот, а дланките ќе ви бидат изложени на штетните УВ зраци.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg