Зошто се појавува неподнослива болка во грбот за време на циклусот и како да ја намалите?

Болните менструални циклуси се најлошото нешто што може да им се случи на девојките и жените. И како да не е доволно сè останато, проследени се често и со болки во грбот.

zoshto-kaj-zhenite-se-pojavuva-nepodnosliva-bolka-vo-grbot-za-vreme-na-mesechniot-ciklus-01.jpg

Голем број девојки, покрај крвавењето, грчевите во стомакот, промените во расположението и апетитот, имаат и неподносливи болки во долниот дел од грбот. Овој симптом воопшто не е редок, а како причина за тоа е преголемата активност на мускулите.

За време на месечниот циклус во телото се ослободува простагландин, ензим одговорен за контракциите на матката за време на циклусот. Ако телото произведува премногу простагландин, тогаш мускулите во абдоменот, особено во карличниот дел, реагираат со зголемени контракции, па затоа се појавува и болката во грбот.

Но, ова не е единствената причина. Понекогаш состојбите како цисти на јајниците, таканаречената „превртена“ матка (кога е навалена кон грбот), ендометриозата и фиброидите може да бидат причинители, но и засилувачи на болката во грбот.

zoshto-se-javuva-strashna-bolka-vo-grbot-za-vreme-na-mesechniot-ciklus-02.jpg

Дали може да се третира оваа болка?

Постојат одредени лекови, класифицирани како нестероидни антиинфламаторни лекови, кои имаат и многу несакани ефекти.

Поради тоа, подобро е да го загревате грбот кога имате болки, бидејќи на тој начин мускулите се релаксираат. Постојат дури и специјално наменети загревачки тела за тоа.

zoshto-kaj-zhenite-se-pojavuva-nepodnosliva-bolka-vo-grbot-za-vreme-na-mesechniot-ciklus-02.jpg

Јогата и аеробикот исто така може да помогнат, но треба да внимавате на напорот што го вложувате, за да не си правите спротивно, односно непотребни контракции на матката.

zoshto-kaj-zhenite-se-pojavuva-nepodnosliva-bolka-vo-grbot-za-vreme-na-mesechniot-ciklus-03 (1).jpg

Здравата исхрана, чаевите и по потреба земање витамин Е и витамин Б1 се задолжителни кога имате тешки и болни менструални циклуси.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...

Најчитани неделава