Интересни начини на кои телото се бори да ги врати хормоните во баланс

Колку што е проучувано и колку што постојат сознанија за начинот на функционирање на човечкото тело, толку тоа е и мистерија за науката и медицината.

interesni-nachini-na-koi-teloto-se-bori-da-gi-vrati-hormonite-vo-balans-01.jpg

Хормоните во нашето тело играат особено важна улога, бидејќи преку нив се испраќаат „инструкции“ за работата на органите и целокупната работа на организмот. Балансирани хормони значат и добра здравствена состојба.

Но, кај многу луѓе се појавува нарушување на овој баланс, поради најразлични причини. Кога тоа се случува, веднаш забележуваме, бидејќи може да доведе до физички промени на телото, но и на менталната состојба.

Човечкото тело до одреден момент може самото да се бори и да го враќа балансот, а еве како можете да ги препознаете природните начини на кои телото се соочува со состојбата на хормоните:

Мрзеливост

Иако во текот на ноќта одлично спиевте, ако утрото ви е мачно, тоа може да биде знак на нарушено ниво на кортизол во телото. Кортизолот е познат и како стрес-хормон.

Секоја промена во неговото ниво може да предизвика уморни попладниња, будни ноќи, вртоглавици при нагло станување и хроничен умор.

Цистични акни

Овие акни се разликуваат од пубертетските бидејќи може да бидат многу болни, да зафатат поголем дел од телото и тоа во делови каде е тешко да се третираат.

Иако можете да ги мачкате надворешно со тоници и креми, потребно е да реагирате и со соодветна терапија. Кога хормоните не се во баланс, телото се бори и акните може да бидат физичка реакција на она што внатре ви се случува.

Чувствителност на градите

Кај жените значи зголемено ниво на естроген, што понатаму може да резултира и со тежок ПМС, болни циклуси, акни на лицето и главоболки.

Паѓање на косата

Ако вообичаено имате нормална и сува коса, ако нагло почне да се масти и паѓа, тоа значи дека вашето тело ви испраќа одреден сигнал. Реагирајте додека не сте ја изгубиле целата коса.

interesni-nachini-na-koi-teloto-se-bori-da-gi-vrati-hormonite-vo-balans-03.jpg

Чудни менструални циклуси

Еднаш до двапати годишно е сосема нормално да имате различна менструација. Можеби трае подолго, поинтензивна е или поболна или пак, целосно изостанува. Но, ако проблемот продолжи во период  подолг од три месеци, тогаш треба да го проверите нивото на естроген и доколку е покачено или намалено, да се реагира со терапија.

Дијареа за време на менструација

Ако ви се случува да имате дијареја за време на месечниот циклус, тоа може да е знак на зголемено лачење прогестерон, кој меѓу другото е одговорен и за контракциите на мускулите.

Запек

Ако сте сигурни дека пиете доволно вода и дека соодветно се храните, тогаш можно е запекот да го предизвикува нарушената работа на тироидната жледа. Доколку се појавува во комбинација со сува кожа, студени екстремитети, паѓање на коса и заборавеност, јавете се кај ендокринолог на преглед.

interesni-nachini-na-koi-teloto-se-bori-da-gi-vrati-hormonite-vo-balans-02.jpg

Желба за сол

Адреналните жлезди лачат алдостерон, кој го штити телото од брзо губење на солите преку урината. Доколку неговото ниво падне под долната граница, тогаш може да ви се појави силна желба за внес на сол.

Оваријални цисти

Цистите на јајниците може да се појават при зголемено ниво на тестостеронот во женското тело. Тестостеронот, кога е покачен, поништува дел од репродуктивните хормони, односно тие не можат да ја завршат својата „работа“ на излегување на јајце-клетката од јајникот и нејзино исфрлање.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg