Озборување, пцуење, неуредност: Чудни навики кои се добри за вашето здравје
Дали сте знаеле дека тоа што имате навика да пцуете, да играте видео игри, да џвакате мастика или што сте неуредни, е всушност добро за вашето здравје?

Некои навики кои многумина ги имаат и важат за лоши или некултурни, всушност според науката се добри за здравјето.
Секако, тоа не значи дека треба да се претера со вулгарни и некултурни работи, но важно е дека ако се умерени, ќе ви помогнат за менталното здравје и ќе имаат позитивен ефект врз расположението и мозокот.
Погледнете го светот од поинаква перспектива:
Гума за џвакање – го намалува стресот, ја подобрува меморијата и вниманието

Играње видео игри – ја подобрува способноста за учење и носење одлуки

Пцуење – намалува стрес, помага за ослободување од фрустрација и ја зголемува толеранцијата на болка

Неуредност – помага за стимулирање на креативност скриена длабоко во вас

Спиење до доцна – намалува ризик за срцев удар и мозочен удар

Озборување – го подобрува односот со пријателите и ослободува од стрес и анксиозност

Ждригање – помага во ослободување од болките во стомакот и непосакувани гасови

Несекојдневно бањање – ја омекнува кожата и ги задржува добрите бактерии кои не треба да се измиваат секојдневно

Ладен туш – ја подобрува циркулацијата на крвта, го подобрува имунитетот и помага при слабеење

М. М. | Црнобело
