Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Имам 25 години и веќе 7 години сум во депресија - што научив?“

imam-25-godini-i-vekje-7-godini-sum-vo-depresija-shto-nauchiv-02.jpg

Лекција 4: Бебешки чекори

Сфатив дека клучно за да не се чувствувам како неуспех е да го прифатам фактот дека сè ќе дојде бавно. Да правам мали чекори и да си поставувам реалистични цели.

Променив многу во мојата животна рутина, од медитација до читање и јадење здрава храна. Некогаш имав наплив на адреналин  и помислував тоа е тоа, го средив мојот живот, но следното утро се будев повторно со ужасно чувство и престанував со сè.

Напредокот не се постигнува преку ноќ, важно е да се фокусирате на една работа и да правите бебешки чекори.

Лекција 5: Во ред е да сте депресивни и анксиозни

Се однесував деструктивно, запаѓав во мрак и затапеност, но сега со помош на терапијата конечно можам да бидам депресивна и анксиозна на начин на кој сметам дека е во ред.

Знам дека нема да бидам во ваква фаза вечно, знам дека доаѓа и си заминува. Некогаш останува подолго, но секогаш ќе си замине повторно.

Научив да се третирам себеси со љубов и да ги разберам потребите на моето тело. Во ред е да плачеш без причина и да се разбудиш среде ноќ со милион мисли во главата. Не е во ред да се повредуваш себеси и да се обвинуваш што си болен.

Лекција 6: Болеста не ме дефинира

Мислев дека депресијата и анксиозноста се вистинската „јас“. Сè друго мислев дека е глума што им ја приредував на пријателите и на семејството.

Сега, сфатив дека е смешно некого да дефинираш на пример според скршената нога. Да, болеста е голем дел од мојот живот и ме обликуваше на добри и лоши начини, но таа не ме дефинира која сум и не е  ни далеку најинтересната работа во врска со мене.

Па, ете, имам 25 години и немам идеја како ќе ми изгледа оваа година. Сигурна сум дека ќе има многу мигови кога ќе ми биде потребно екстра грижа и љубов, но тука сум и подготвена сум.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Мозочен удар, рак на бели дробови: Кои болести се најчестата причина за смрт? Според СЗО, проблемите за срцето се најчестата причина за смрт, и тоа со години ...
8 суптилни симптоми на депресија кај мажите (не покажуваат тага, туку бес) Мажите со депресија често не покажуваат тага. Наместо тоа, можеби ќе изгледаат п...
Необични однесувања кои некогаш се знак за скриена депресија Не чувствувате ништо – рамнодушни сте кон работи кои претходно ве правеле среќи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg