4 најголеми митови за домашните тестови за бременост

Домашните тестови за бременост кои се купуваат од аптека треба да се едноставни за користење, но постојат многу погрешни верувања поврзани со нив.

4-najgolemi-mitovi-za-domashnite-testovi-za-bremenost-01.jpg

Овој метод за утврдување на бременост веќе е толку популарен, што сметаме дека не би требало да има нејаснотии околу неговата точност и начинот на користење.

Но, сепак постојат и се следниве:

Домашните тестови можат веднаш да потврдат бременост

Овие тестови реагираат на бета-ХЦГ, односно неговото покачување во урината, што најчесто е знак на бременост. Но, кај некои жени не се лачи веднаш по зачнувањето и ако прерано го направат, може да имаат лажно негативен резултат.

Некогаш можеби и треба да поминат две до три недели за тестот да покаже позитивен резултат. Но, вие не мора да чекате толку, туку можете да ја утврдите бременоста кај вашиот гинеколог, преку лабораториски тест.

Ништо не може да даде лажен резултат

Ниту храната, ниту стресот, па дури ниту пороците не можат да влијаат врз нивоата на ХЦГ откако настанало зачнувањето. Но, постојат одредени лекови, особено оние кои се поврзани со лечење неплодност, кои може да дадат неточни резултати.

4-najgolemi-mitovi-za-domashnite-testovi-za-bremenost-02.jpg

Постојат природни тестови што може да утврдат бременост

Дури и најевтиниот тест достапен во аптека е порелевантен во споредба со „бабините деветини“ и природните тестови за бременост, како што е додавањето сода бикарбона во утринската урина, нејзиното мирисање и чекањето да се појават меурчиња откако ќе отстои еден час.

Затоа, подобро купете го евтиниот тест, наместо да се потпирате на овие „холистички“ методи за утврдување бременост.

Некои тестови може да го откријат полот

Во урината не постои никаков индикатор што ќе го открие полот на бебето. Нивоата на ХЦГ растат пропорционално на стадиумот на бременоста без разлика на полот на бебето. Тој најчесто се утврдува при гинеколошките ултразвучни прегледи околу четвртиот месец од бременоста.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
6 симптоми за проблеми со срцето кои не се поврзани со градите Вртоглавицата и ненадејната силна главоболка можат да бидат знак за проблем со с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg