6 хормони чиј недостаток прави жените да стареат пред време: Надоместете ги по природен пат

Научете како да го одржите оптималното ниво на хормоните и вашата кожа, коса и нокти ќе ви бидат благодарни.

6-hormoni-cij-nedostatok-pravi-zenite-da-stareat-predvreme-01.jpg

Според научниците, нашето тело синтетизира околу 100 хормони од кои 6 се важни за убавината на жената. Тие придонесуваат за еластичност на кожата, нè одржуваат млади, па дури и придонесуваат за добро расположение.

Сепак, од непознати причини, понекогаш телото не успева да ги произведе доволно па нивоата на хормоните се намалуваат, а личноста почнува да старее прерано. Добрата вест е што постојат методи коишто ќе ви помогнат да воспоставите рамнотежа на хормоните:

1. Естроген

Естрогенот влијае клетките на фибробластот да произведуваат колаген и еластин. Кога нивото на овој хормон е намалено, се појавуваат брчки, овалниот облик на лицето станува нерамномерен, а градите стануваат опуштени. Но, не се работи само за кожата, колку е пониско нивото на естрогенот, толку телото побрзо се троши.

Како да го покачите нивото на естроген?

Храна: Млеко од соја, кафеав грав, ленено семе, свеж зеленчук и овошје. Научниците велат дека месните производи го потиснуваат производството на естроген, затоа подобро е да се намали потрошувачката на животински протеини.

Козметика: Особено креми кои содржат фитоестрогени. На пример, серуми и креми со сладок корен се добри за борба против стареењето, бидејќи содржат ликуиритигенин, антиоксиданс кој го стимулира производството на колаген.

2. Хормон за раст – соматотропин

Луѓето имаат тенденција да добијат соматопауза со текот на годините – состојба кога нивото на хормонот во крвта почнува да опаѓа. Кога нивоата на соматотропин се намалени, мускулите се смалуваат, а маснотиите и брчките почнуваат да се појавуваат во прекумерни количини, расположението се влошува, а издржливоста се смалува.

Познатите личности од Холивуд почнуваат да си вбризгуваат хормон за раст, но ова знае да има многу непријатни нуспојави, како што се отекување, главоболки, па дури и неконтролиран раст на коските и внатрешните органи.

Како да го зголемите нивото на хормонот за раст?

Физичка активност: Одење со брзина од околку 4 km/h, вежби со тегови (10-15 повторувања за секоја рака). Подобро е ако тренингот за сила е пред аеробните вежби – прво работа со тегови, а потоа одење.

Промена на температура: Посета на сауна или туширање наизменично со топла и ладна вода го стимулира производството на хормонот за раст.

3. DHEA (dehidroepiandrosteron)

DHEA е хормон што делува смирувачки и е ефикасен против стареењето. Работата е во тоа што се произведува само до триесетата година, а потоа тонусот на мускулите почнува да опаѓа, крвните садови стануваат кршливи, а кожата ја губи еластичноста.

Како да го подигнете нивото по природен пат?

Вклучете здрави масти во исхраната: Нашето тело произведува DHEA со помош на нив. Јаткастите плодови, семките, мрсната риба и авокадото содржат есенцијални полизаситени масни киселини.

Јадете протеини за појадок: Тие помагаат во борбата против промената на расположението и го стабилизираат нервниот систем на почетокот на денот.

4. Мелатонин

Мелатонинот го регулира нашиот дневен ритам. До други зборови тој го информира телото кога е време за одмор. Сите процеси на обновување на клетките се одвиваат во текот на спиењето и доколку сонот ви е нарушен, тогаш почнувате предвреме да стареете.

Недостатокот на мелатонин придонесува појавување на брчки, губење на косата и создавање на пигментирани дамки на кожата.

Како да го подигнете нивото на мелатонин?

Храна: Бананите, доматите, оризот и пченката се богати со мелатонин.

Алкохолот, цигарите и кофеинот имаат контра-ефект. Кога ги консумирате овие работи, производството на овој хормон престанува. Некои лекови како што се бета блокаторите и антивоспалителните лекови го имаат истиот ефект на организмот.

5. Кортизол

Високото ниво на хормонот на стресот – кортизол придонесува за прерано стареење. Во зависност од типот на кожата, негативниот ефект на кортизолот се манифестира на различни начини: од сива боја на лицето до премногу сува кожа која се лупи, до длабоки видливи брчки и мрсна кожа со акни.

Овој хормон ги разградува влакната на колагенот и прави кожата да изгледа уморно и млитаво.

Како да го намалите нивото на кортизолот и стресот?

Пијте доволно вода: Дури и мала дехидрираност го покачува нивото на овој хормон. Една сосема обична работа како чаша вода може многу да ви помогне да се опуштите.

Додатоци во исхраната кои содржат корен од роза го намалуваат нивото на анксиозност и кортизол.

Слушајте добра музика која ве опушта: Научниците потврдуваат дека музичката терапија го намалува нивото на стрес.

Медитацијата е уште еден одличен начин природно да се намали нивото на кортизол без никакви дополнителни лекови.

6. Инсулин

Инсулинот го зголемува нивото на глукоза во крвта, и кога ќе се наруши состојбата со истиот, на кожата, се појавуваат рани знаци на стареење. Високото ниво на шеќер доведува до појава на брчки како и на кожа што виси.

Поради зголемувањето на нивото на глукоза, процесот што се нарекува гликација (поврзување на молекули на шеќери и протеини) се одвива побрзо отколку што треба во одредена старост, што доведува до уништување на колагенот и еластинот. Еластичната кожа станува поцврста, подебела и поподложна на пукање, како и дехидрирана.

Како да ја заштитите кожата од вишокот на шеќер?

Консултирајте се со лекар за да се утврди нивото на шеќер во вашето тело. По консултација со специјалист, можете да започнете со третирање на проблемот.

Козметика: Употребувајте креми и серуми со ретиноиди (витамин А и неговите деривати) кои стимулираат производство на колаген. Овие козметички производи треба да ги содржат витамините Ц, Е и зелен чај – сите се одлични антиоксиданти.

Користете крем со заштитен фактор секојдневно, дури и во зима. Сончевите зраци ги уништуваат еластинските влакна и придонесуваат за брзо стареење.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg