6 симптоми кои наговестуваат срцев удар

Дали сте сигурни дека вашиот животен стил е доволно здрав за да спречите срцев удар?

6-simptomi-koi-nagovestuvaat-srcev-udar-01.jpg

Листата на ризичните фактори кои придонесуваат за срцев напад е долга: пушење, нездрава исхрана и прекумерна телесна тежина, слаба физичка активност, употреба на алкохол, висок крвен притисок и дијабетес.

Зошто многу од нас инсистираат на занемарување на здравјето и ризикот по нашите животи останува мистерија, но за среќа, постојат безброј информации што може да ви помогнат да препознаете срцев удар, па и цел месец пред тој да се случи.

Напомена: Секако, не треба да се водите строго по оваа листа и доколку се случат некои од симптомите да паничите, но доколку забележите повеќе симптоми во краток период, би било добро да си го проверите здравјето и да го подобрите животниот стил. 

Симптоми кои може да наговестуваат срцев удар:

Болка во градите

Ова е најочигледниот знак за претстоен срцев удар. Ако имате блокирана артерија или имате срцев удар, чувствувате болка, затегнатост или притисок во градите. Мажите и жените искусуваат болки во градите со најразличен интензитет.

Болката во градите може да се прошири до едната или двете раце (почесто лево), долната вилица, вратот, рамената или стомакот. Може да е привремена или постојана, а луѓето често велат дека чувството изгледа како некој да ви седи на градите.

Прекумерно потење

Невообичаено или прекумерно потење може да биде предупредувачки знак за срцев удар. Може да се случи во секое време од денот или ноќта. Симптомите се слични на грип, со потење без оглед на температурата на воздухот или физичкиот напор. Потењето се манифестира почесто во текот на ноќта.

Неправилно чукање на срцето

Нормално е да се забрза пулсот кога сте нервозни или возбудени, но ако чувствувате дека срцето ви чука посилно само неколку секунди, или ако тоа се случува често, можеби ви претстои опасност од срцев удар.

Неправилното срцебиење трае 1-2 минути. Ако не исчезне, може да почувствувате вртоглавица и екстремен замор. Веднаш јавете се кај вашиот доктор.

Недостаток на воздух

Ова е чест симптом на неколку медицински состојби, а проблемите со срцето се една од нив. Ако срцевиот мускул не е ефикасен, притисокот се таложи во белите дробови и во коморите на срцето, создавајќи чувство на недостаток на воздух.

Често се случува кај мажите и кај жените до 6 месеци пред појава на срцев удар.

Несоница

Несоницата е исто така поврзана со зголемен ризик од срцев удар или мозочен удар. Намалувањето на нивото на кислород - предизвикано од промени во срцето поради срцеви заболувања, може да предизвика суптилни промени што доведуваат до анксиозност, несоница и вознемиреност што не можат да се објаснат.

Луѓето кои имале срцев удар честопати отпосле сфаќаат дека чувствувале анксиозност и имале проблеми со спиењето во месеците пред нападот.

Абдоменална болка

Абдоминални болки, гадење, чувство на подуеност или вознемирен стомак се неколку од најчестите симптоми. Лесно е да се припишат на проблеми со варење наместо проблеми со срцето. Симптомите се можни и кај жените и кај мажите.

Лошата циркулација и недостатокот на кислород кој циркулира во крвта (предизвикан од слабо срце или блокирани артерии) може да доведе до постојано гадење, варење или повраќање, особено кај жени или луѓе над 60 години.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg