Состојбата на вашата коса открива кои витамини ви недостасуваат

Пречестото третирање на косата со продукти и топлина не секогаш е причина за нејзиното оштетување. Сувите врвови и сличните оштетувања на косата можат да бидат и знак за некои нарушувања во организмот. Доколку, на пример, вашата коса побелела прерано, можно е да ви недостасува одреден витамин.

sostojbata-na-vashata-kosa-otkriva-koi-vitamini-vi-nedostasuvaat-01.jpg

Косата, исто како и кожата, може да ви каже многу за вашето здравје. Некои недостатоци во организмот, како и болести, можат да ја направат косата сува, без сјај и бела.

Во продолжение дознајте што ви кажува косата за вашето здравје:

Мрсна коса

За ова најверојатно одговорен е стресот. Кога сте под стрес, телото го лачи хормонот кортизол, кој пак ја поттикнува кожата да лачи повеќе масти.

Исто така, претераното консумирање на млечни производи може да предизвика мрсна коса. Истото важи и за изгорениците од сонце на главата.

Сува и кршлива коса

Доколку косата ви е сува како слама, најверојатно имате недостаток од витамин Д. Имено, витаминот Д ги стимулира фоликулите на коренот од косата и го поттикнува нејзиното растење.

Но, додека синтезата на витаминот Д во кожата е поттикната од сончевата светлина, на косата ѝ е потребна исхрана богата со овој витамин.

Па, на вашето мени нека се најдат намирници како риба, авокадо и јајца, кои ќе ја направат вашата коса здрава и сјајна.

Прерано побелување на косата

Доколку вашата коса побелела уште во младоста, најверојатно станува збор за преголема или премала активност на штитните жлезди.

Исто така, причината може да биде и недостаток од витаминот Б12. Овој витамин е клучен за менување на масните киселини и аминокиселините и најмногу се наоѓа во јајцата, рибата и млечните производи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg