Лоши одлуки, раздразливост: Што сè му прави недостатокот од сон на вашиот организам?

Проблеми со имунолошкиот систем

Недоволното спиење, дури и само една вечер, може да го ослаби вашиот имунитет. Исто така, недостатокот од сон може да ја намали ефикасноста на вакцините.

Настинки

Доколку често настинувате додека патувате, тоа значи дека треба да обрнете внимание на вашиот распоред на спиење. Недостатокот од сон ве прави 3 пати поподложни на настинки.

Намалена желба за секс

И мажите и жените имаат тестостерон кој го контролира нивното либидо. Недостатокот од сон го намалува либидото и предизвикува сексуалнана дисфункција.

shto-se-mu-pravi-nedostatokot-od-son-na-vashiot-organizam-06.jpg

Депресија

Било спроведено истражување каде што се следело расположението на жените за време на нивниот работен ден. Се покажало дека разликата во платата не правела разлика, но недостатокот од сон значително им го влошувал расположението.

Друго истражување покажало дека брачната среќа кај жените може да биде намалена кога не спијат доволно.

Дијабетес тип 2

Недостатокот од сон предизвикува проблеми со метаболизмот, а ова пак може да резултира со отпорност на инсулин, како и дијабетес тип 2. Иако истражувањата покажале мала поврзаност помеѓу овие нешта, научниците тврдат дека квалитетниот сон може да го намали ризикот од дијабетес кај адолесцентите.

Лоши одлуки

Истражувачите тврдат дека лошиот сон може да биде причина за донесување лоши финансиски одлуки. Недостатокот од сон ја намалува вашата способност да одредите што е добро, а што не.

shto-se-mu-pravi-nedostatokot-od-son-na-vashiot-organizam-07.jpg

Одвлекување на вниманието

Кога не сте наспани, ќе ви биде тешко да го задржите вашето внимание на едно нешто.

Проблеми со комуникација

Недостатокот од сон може да предизвика и проблеми во комуникацијата. Во едно истражување, испитаниците биле држени будни 36 часа. Научниците забележале дека после ова, тие зборувале со монотон глас и ги повторувале веќе кажаните нешта.

Опасност во сообраќајот

Возењето во пијана состојба не се разликува многу од возењето кога не сте наспани. Многу често, возачите заспиваат зад волан кога се изморени и ненаспани, а ова ги прави опасни учесници во сообраќајот.

shto-se-mu-pravi-nedostatokot-od-son-na-vashiot-organizam-08.jpg

Преголемо производство на урина

Кога ќе се наспиете добро, се намалува производството на урина. Од друга страна, пак, луѓето кои не спијат доволно, произведуваат повеќе урина навечер. Оваа состојба може да ве тера да станувате од кревет неколку пати во текот на ноќта. Исто така, состојбата е поврзана и со ноќното мокрење на креветот кај децата.

Мускулна атрофија

Недостатокот од сон предизвикува хормонални промени кои имаат влијание врз формирањето и закрепнувањето на мускулите. Во текот на сонот, телото лачи хормон за растење кој ги закрепнува мускулите, па токму поради ова на спортистите им се препорачува квалитетно спиење навечер.

Намалена толеранција на болка

Луѓето со нарушувања со хронична болка треба да спијат подолго. Имено, квалитетниот сон е поврзан со зголемување на толеранцијата на болката.

shto-se-mu-pravi-nedostatokot-od-son-na-vashiot-organizam-09.jpg

Гастроинтестинални проблеми

Доколку често не спиете доволно, можно е да се појават разни болести и воспаленија на системот за дигестија.

Главоболки

Главоболките се поврзани со недостатокот од сон уште многу одамна. Едно истражување покажало дека 36% до 58% од луѓето кои страдаат од апнеја, се буделе со главоболка.

Астма, кардиоваскуларни проблеми и артритис

Спиењето помага во регенерација на клетките и имунолошкиот систем. Недостатокот од сон, пак, ги ослабува клетките и ја намалува способноста на организмот да се справи со воспаленијата. Ова може да води до мултиплекс склероза, артритис и други воспаленија.

shto-se-mu-pravi-nedostatokot-od-son-na-vashiot-organizam-10.jpg

'Рчење

Знаевте ли дека 'рчењето може да биде показател за недостаток од сон? Сепак, тоа е нарушување во спиењето. Доколку има проблем со дотокот на воздух, може да се појави 'рчење. Овој проблем може да предизвика болести на срцето и дебелеење.

Нарушување на гените

Истражување од 2013-та година покажало дека недостатокот од сон може да предизвика генетски проблеми. Луѓето кои спиеле помалку од 6 часа навечер, имале абнормална генетска активност во 700 гени.

Смрт

Покрај сите здравствени проблеми, недостатокот од сон (или претераното спиење) може да го зголеми ризикот од прерана смрт.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg