Колку пластика внесуваме во организмот секој ден?

Без разлика дали пиете од пластични чаши или купувате со пластични кеси, секој од нас доаѓа во контакт со пластика неколку пати дневно. Но, колку всушност е штетно ова?

 kolku-plastka-vnesuvame-vo-organizmot-sekoj-den-01.jpg

Едно истражување открило колку пластика завршува во организмот на просечен човек, а бројката навистина ќе ве изненади.

Истражувањето од Универзитетот Викторија покажало дека просечниот Американец консумира над 70.000 честички микропластика секоја година. Особено загрижува фактот што не се целосно јасни последиците од ова консумирање.

Истражувачите анализирале 26 претходни истражувања во кои се проучувало количеството на микрочестички пластика во риби, школки, шеќери, сол, алкохол, флаширана и вода од чешма, воздух и слично. Потоа тимот експерти пресметал колку вакви честички консумираме во просек.

Резултатите покажале дека човекот внесува помеѓу 74.000 и 121.000 честички микропластика во организмот во само една година, во зависност од возраста и полот.

Сепак, не сите се согласуваат со овие податоци. Професорот по екологија Алестер Грант смета дека ова не треба да го сфаќаме толку сериозно.

„Авторите ја измериле консумацијата на микропластика исклучиво со помош на измерената концентрација во храната и воздухот.

Според ова, изгледа дека возрасниот човек во еден ден внесува 142 честички од устата и вдишува уште 170. Овие големи броеви сепак се годишна прогноза.

Нема докази дека овие износи се значајно штетни за човечкото здравје.“

„Еден од два извори кои ја мерат концентрацијата на честички во воздухот вели дека проучуваните честички се преголеми за човекот да може да ги вдише, па количината на честички кои сепак стигнуваат до нашите бели дробови е многу помала од тоа“, заклучил професорот.

Микропластика се нарекуваат ситните честички пластика кои луѓето неминовно ги консумираат додека јадат или дишат.

Иако ефектите на микропластиката врз човечкото здравје уште се непознати, научниците предупредуваат дека некои од нив се доволно мали да влезат во човечкото ткиво. Оттаму би можеле да предизвикаат имунолошка реакција или да ослободат отровни супстанци.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg