4 совети како полесно да се справите со потењето ова лето

Во текот на летото потењето е неизбежна појава. Иако е сосема природно, претераното потење може да биде навистина неудобно. Но, за среќа, постојат некои мали и едноставни трикови што можат да ви го олеснат животот.

4-soveti-kako-polesno-da-se-spravite-so-potenjeto-ova-leto-01.jpg 

Најпрво осигурете се дека не страдате од хиперхидроза, нарушување кое може да биде резултат од емоционалното здравје, анксиозноста и стравот, а понекогаш и од некои физички болести.

Доколку немате проблем со ова нарушување, следниве трикови ќе ви помогнат да се справите со прекумерното потење во топлите денови.

Антиперспиранти

Обидете се да ги замените дезодорансите со антиперспиранти. Дезодорансите го уништуваат мирисот под пазувите, но не го намалуваат потењето.

Антиперспирантите се создадени со цел да ја намалат активноста на потните жлезди. Сепак, важен е и начинот на којшто ќе го нанесете антиперспирантот за неговата ефикасност.

4-soveti-kako-polesno-da-se-spravite-so-potenjeto-ova-leto-02.jpg

Почекајте со облекувањето

После туширање, почекајте неколку минути пред да се облечете. Ова е особено важно доколку живеете во топла и влажна клима. Дозволете му на телото да се излади и целосно да се исуши за да го спречите потењето под пазувите веднаш после туширањето.

Внимавајте на исхраната

Знаевте ли дека начинот на исхрана има големо влијание врз тоа колку се потите? Некои намирници го поттикнуваат лачењето на пот, па бидете внимателни што консумирате.

Прочитајте: Храна која предизвикува повеќе да се потите

4-soveti-kako-polesno-da-se-spravite-so-potenjeto-ova-leto-03.jpg

Внесувајте течности

Во текот на топлите денови обидете се да пиете што е можно повеќе вода или какви било течности. На овој начин телото полесно ќе се ослободи од штетните материи и токсините. Исто така консумирајте храна со висок процент на вода за да го одржете телото постудено.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg