Што се случува кога носите иста долна облека два дена по ред?

Долната облека треба да може да издржи многу нешта. Покрај тоа што до најинтимниот дел од телото има мртва кожа и влакна, овде можат да завршат и пот, честички фекалии или вагинален исцедок.

shto-se-sluchuva-koga-nosite-ista-dolna-obleka-dva-dena-po-red-01.jpg

Веројатно веќе ви е јасно дека ова влажно опкружување е совршено место за развој на бактерии.

Кога ќе го земете ова предвид, сигурно помислувате дека не е во ред да носите иста долна облека неколку денови по ред. Бактериите ќе почнат да се размножуваат, ќе се појави непријатен мирис, а можат да настанат и воспаленија.

Во овој случај, дури и носењето иста долна облека само два дена е премногу - кои се последиците?

Чешање

Потта и токсините го напуштаат телото преку кожата, па поради нив може да се појави чешање. Доколку бактериите и габите почнат да се размножуваат врз кожата, тогаш чешањето е неизбежно. Доколку не ја менувате долната облека редовно, чешањето само ќе се влошува.

shto-se-sluchuva-koga-nosite-ista-dolna-obleka-dva-dena-po-red-02.jpg

Осип

Кога кожата доаѓа во контакт со микроби, таа реагира. Воглавно се појавуваат црвени осипи кои чешаат. Доколку не ја менувате долната облека секој ден, комбинацијата од исцедок и фекални материи може да го поттикне настанување на бактерии кои предизвикуваат осип.

Воспаление на мочниот меур

Доколку долго време носите иста долна облека, можно е да се создадат бактерии кои ќе навлезат во уринарниот тракт и ќе предизвикаат воспаление на мочниот меур.

shto-se-sluchuva-koga-nosite-ista-dolna-obleka-dva-dena-po-red-03.png

Вошки

Лошата хигиена и нередовното менување на долната облека го зголемуваат ризикот од срамни вошки.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg