Дали јаболковиот оцет е добар за изгореници од сонце?

Изгледа дека од јаболковиот оцет има некои предности кога се нанесува локално, за разлика од консумирањето. Токму ова ги поттикна гласините дека јаболковиот оцет е совршен за изгорениците од сонце.

 dali-jabolkoviot-ocet-e-dobar-za-izgorenici-od-sonce-01.jpg

Но, дали навистина треба да се користи оцет за изгореници од сонце?

Аргументи „За“

Јаболковиот оцет станува сè попопуларен за лекувањето изгореници од сонце бидејќи е познат по неговото антибактериско влијание. Покрај тоа, кога ќе се нанесе на кожата создава чувство на ладење.

Исто така многу луѓе тврдат дека оцетот помага и при други проблеми со кожа. Наводно, оцетот е добар за мрсна коса и кожа кога се нанесува локално или кога е состојка на продуктите за нега.

Тој помага во смирување на воспаленијата и има киселинска рН вредност, поради што се користи како природен тонер за кожа. Покрај тоа, јаболковиот оцет содржи и многу пектин кој може да ја подобри заштитната бариера на кожата и да го смири воспалението.

Сепак, сето ова може да предизвика заблуда кога станува збор за употребата на оцет за изгореници од сонце.

Аргументи „Против“

И покрај сите придобивки, оцетот сепак не е корисен доколку настанале отоци предизвикани од изгорениците од сонце. Јаболковиот оцет е богат со јаболкова киселина која е добра доколку сакате да направите пилинг. Но кога ќе го нанесете на веќе оштетена кожа, резултатите нема да бидат најдобри.

Јаболковиот оцет може да биде корисен против лупење, но не се препорачува за изгореници од сонце. Доколку го нанесете на претерано вцрвенета, изгорена кожа, најверојатно само ќе ја влошите болката.

Па доколку сте добиле совет да нанесете оцет на изгореници, дури и разреден, не правете го тоа.

Кој е најдобриот начин за справување со изгорениците од сонце?

Иако е болно и непријатно, еден од подобрите начини на справување е ладење на кожата се влажна крпа или облоги и ладен туш.

Важно е да користите нежни средства за чистење за да го отстраните вишокот крем за сончање. Исто така избегнувајте какви било тешки сапуни за да не ја надразните веќе чувствителна кожа.

Држете се подалеку од сонце и пијте многу вода. Доколку кожата е отечена и болна на допир, можете да нанесете хидрокортизонска крема за да го смирите воспалението.

Исто така употребувајте и лесен и проѕирен хидратантен крем, без состојки како масла, вазелин, бензокаин или лидокаин. Најдобри се продуктите со алое вера кои можат да ја навлажнат и смират кожата.

Доколку се појават и други симптоми како гадење, веднаш обратете се кај вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg