Прекумерно спиење, неуреден живот - зошто сте постојано изморени?

Легнавте на време и спиевте осум часа, но сé уште се чувствувате уморно и ненаспано? Немате желба и мотивација за ништо? 

5 iznenaduvacki pricini zosto ste postojano umorni 01

Би било логично да се чувствувате уморно по напорниот ден преполнет со обврски, но тоа не е секогаш случај. Постојат многу други работи кои ја трошат нашата енергија.

Ова се 5 изненадувчки причини зошто сте постојано уморни:

1. Неред

Неуреден животен или работен простор може да предизвика ментална исцрпеност. Колку повеќе работи имате во вашето видно поле, мозокот потешко ги филтрира и се концентрира само на еден проблем.

Резултатот е секогаш замор.

2. Голема пауза помеѓу оброците

Прескокнување на оброци или одложување на истите, поради обврски, не е добро за одржувње на соодветното ниво на енергија која ви е потребна за да се завршат секојдневните обврски.

Ако сте зафатени и немате време да појадувте или ручате, пронајдете време да изедете нешто на брзина. Ќе се чувствувате помалку уморно.

3. Прескокнување на утринскиот тренинг

Не е важно кој вид вежба пракикувате наутро - истегнувње, кардио вежби, јога, трчање или нешто друго, лоша идеја е да ја прескокнете вашата утринска рутина за да останете во кревет подолго време.

Тренинг кој трае најмалку 20 минути значително го зголемува нивото на енергијата.

5 iznenaduvacki pricini zosto ste postojano umorni 02

4. Недостаток на железо во оброците

Недостаток на железо во крвта прави да се чувствувате уморно и неспособно за работа. Железото е важно, бидејќи го пренесува кислородот до клетките на вашите мускули.

Затоа се препорачува да јадете доволно зеленчук, јајца, говедско месо и друга храна богата со железо.

5. Прекумерно спиење

Можеби ова звучи парадоксално, но понекогаш премногу долго спиење може да ве направи поуморни.

Размислете за ова следниот пат кога ќе одлучите да одморите уште само 15 минути откако ќе ве разбуди будилникот.

5 iznenaduvacki pricini zosto ste postojano umorni 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg