Витамини за лечење акни

vitamini-za-lecenje-akni-povekjeИ покрај тоа што поголем број луѓе имаат проблеми со акните, малкумина се трудат да го спречат нивното повторно јавување. Повеќето оставаат телото да...

 

...си го реши тој проблем. Мислење на повеќето е дека храната е главниот виновник за појавата на акните и бубуљиците. Сепак, постојат малку докази за ова.

Ќе ги наведеме најчестите заблуди:vitamini-za-lecenje-akni

  • Чоколадото е еден од честите виновници за појава на акни.
  • Сирењето доведува до појава на акни.
  • Шминката нема да влијае на појавување на бубуљици и на нивниот интензитет.
  • Доколку секој ден добро го истриете лицето, акните сами по себе ќе ги снема.
  • Стискањето на акните во голема мера помага при процесот на чистење.

Главни виновници за појавата на акните се андрогените хормони, кои предизвикуваат натрупување на вишок масти во жлездите. Оној момент кога ова масло ќе ги затне жлездите во мртвите клетки, доаѓа до создавање на црни и бели митесери.

Со присуство на бактерии, дополнително може да дојде до појава на црвени бубуљици кои обично се карактеризираат како акни. Кон појавата на акни делува и несоодветната шминка, стресот и стискањето на бубуљиците.

Здравата исхрана со многу овошје и зеленчук донесува многу витамини и минерали, што допринесува кон подобрување на општото здравје па и на здравјето на нашата кожа.

Витамини кои го подобруваат здравјето на нашата кожа се: Витамин А, Б2, Б3 и Витамин Е.

  • Витаминот А најмногу го има во рибиното масло, џигерот и млечните производи.
  • Витаминот Б2 кој е одговорен за отстранување на стресот, го има во млекото, рибата, јајцата и лиснатиот зеленчук.
  • Б3 го има во кикириките, јајцата, авокадото, џигерот и посното месо.
  • Витамин Е во поголеми количини го има во бадемите, кикириките, сончогледовите семки, брокулата и маслото од растително потекло и е најважна хранлива состојка во борбата против акни.

Затоа...хранете се здраво!

Би можело да ве интересира:

Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
Како да го дезинфицирате домот кога некој од семејството има грип? Откако болниот член на семејството ќе оздрави, препорачливо е да ги замените чет...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg