Како да го дезинфицирате домот кога некој од семејството има грип?

Откако болниот член на семејството ќе оздрави, препорачливо е да ги замените четките за заби со нови, особено ако ви стоеле на исто место. Исто така, не заборавајте да проветрите, дури и ако надвор е студено.

kako-da-go-dezinficirate-domot-koga-nekoj-od-semejstvoto-ima-grip-01.jpg

Ако вие или некој во домот се зарази со грип, важно е да го дезинфицирате домот за да ги заштите другите членови на семејството.

Генерално, вирусот што предизвикува грип може да преживее на површини и до 48 часа, додека на неизмиени раце живее околу еден час.

Што значи, додека имате болен член на семејството, препорачливо е да чистите почесто. Важно е и да го дезинфицирате домот откако болниот член ќе оздрави, во случај да останале вируси на некоја површина.

Неколку совети што ќе ви помогнат:

Исчистете ги површините што се допираат често

Дури и ако сите ги мијат рацете редовно, на површините што се допираат често сепак може да има вируси.

Па, дезинфицирајте ги бравите, прекинувачите за светилките, далечините управувачи… Генерално, сите места во домот што се допираат многу често.

Ако болниот член од семејството бил и во вашиот автомобил, не заборавајте да ги дезинфицирате и неговите брави и површини.

Исчистете ја кујната

Кога имате болен член на семејството, важно е редовно да ги миете садовите што ги користи.

Потоа дезинфицирајте ја бравата на фрижидерот, фиоките и шкафчињата, работната маса, како и мијалникот и чешмата.

Ако имате апарат за кафе или бокал за вода, дезинфицирајте ги и нив.

kako-da-go-dezinficirate-domot-koga-nekoj-od-semejstvoto-ima-grip-02.JPG 

Исчистете ја бањата

Темелно исчистете ги бравите, мијалникот, кадата, тоалетната школка, подовите и дезинфицирајте ги со соодветно средство.

Добро би било да ги замените и четките за заби, особено ако ви стојат на исто место, за да се намали ризикот од зараза.

Исперете ја целата облека и постелнина

Вирусот на грип може да преживее и на меки површини, како облека и постелнина.

Па, штом членот на семејството ќе оздрави, исперете ја неговата постелнина и облеката што ја носел на што е можно повисока температура.

 kako-da-go-dezinficirate-domot-koga-nekoj-od-semejstvoto-ima-grip-03.JPG

Исчистете ги спалните соби

Кога личноста ќе оздрави, дезинфицирајте ја целата нејзина соба, но направете го истото и во другите спални соби.

Како и во останатите простории, фокусирајте се на брави, прекинувачи за светло, масички…

Секако, треба да поминете со правосмукалка и да ги исчистите подовите со средство за дезинфекција.

Исчистете ги електронските уреди

Дезинфицирајте го вашиот смартфон, слушалки, маус, тастатура и сите електронски уреди што ги користите.

Направете го истото и за уредите на другите членови на семејството.

kako-da-go-dezinficirate-domot-koga-nekoj-od-semejstvoto-ima-grip-04.JPG 

Проветрете

Не заборавајте да го проветрите домот, дури и ако е зима.

На овој начин ќе ги отстраните микробите кои можеби се задржале во воздухот, а и добро е да проветрите после чистење со средства за дезинфекција.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg