Како да се справите со изгорениците од сонце?

Најдобриот начин е секогаш да се обидете да ги избегнете изгорениците од сонце. Носете заштитна облека, не стојте долго на сонце и често нанесувајте крема за сончање.

kako-da-se-spravite-so-izgorenicite-od-sonce-01.jpg

Но понекогаш, дури и кога сте навистина внимателни, можете да изгорите, а сите знаеме дека овие изгореници воопшто не се пријатни.

Па, како да се справите со нив?

Зошто горите?

Изгорениците настануваат кога ултравиолетовата радијација од сонцето ја оштетува ДНК во кожните клетки. Како резултат овие клетки умираат, па имунитетот ослободува воспалителни протеини и крв кон областа. Во процесот, надворешната кожа станува жешка, иритирана и црвена.

Неретко е тешко веднаш да ја забележите изгореницата. Најчесто тие се појавуваат неколку часа после изложеноста на сонце. Ова е проблематично бидејќи не можете да ги препознаете изгорениците пред да се влошат.

Доколку сте на сонце подолг период, добро е одвреме-навреме да ја проверувате состојбата на кожата. Ако забележите промена на бојата, веднаш побарајте сенка. Доколку пак забележите изгореница, најдобро е да одите дома и воопшто да не излегувате на сонце.

Како да се справите со изгорениците?

Исто како и со изгореници од врел пијалак, и овие изгореници ја заробуваат топлината на кожата. Па првото нешто што треба да го направите е да ја ослободите таа топлина.

Можете да нанесувате ладни облоги или да се истуширате со студена вода.

Доколу изгорениците се посериозни, можат да се појават и пликови кои никако не смеете да ги допирате.

kako-da-se-spravite-so-izgorenicite-od-sonce-02.jpg

Исто така, постојат и одредени продукти што ќе ви помогнат во оваа ситуација.

Алое вера: Алое верата се користи илјадници години за третирање разни состојби. Нанесувањето на крема што содржи алое вера може да ги намали симптомите на изгореницата. Исто така можете да го нанесете гелот и директно од растението.

Црн чај: Истражувањата покажале дека црниот чај има антивоспалителни својства. Оваа способност за намалување на воспаленијата може да ви помогне со изгорениците од сонце.

Вода: Сериозните изгореници ги „присилуваат“ крвните садови да се прошират. Поради ова многу побрзо ја губите течноста од вашето тело, што може да води до замор, дехидратација, па дури и топлотен удар. Првите неколку денови после горењето, пијте повеќе вода и други безалкохолни и безкофеински пијалаци.

Етерични масла: Доколку барате домашен лек за изгореници, етеричните масла ќе ви бидат од помош. Постојат многу видови, но најдобри за изгореници се маслата од лаванда, сандалово дрво и еукалиптус.

Лавандата има антигабични и антибактериски својства што ја намалуваат болката. Сандалово дрво може да го намали воспалението и да ги излади изгорениците. Исто така ги отстранува и микробите кои можат да предизвикаат инфекција. Еукалиптусот пак ја намалува болката, а може да ги спречи и инфекциите.

Овес: Всушност, овесот може да биде навистина ефективен лек за изгореници од сонце. Барајте традиционален овес наместо инстант и згответе го според упатството. Додајте уште малку вода за да добиете потечна смеса, лесна за нанесување на кожата. Оставете го овесот целосно да се излади, а потоа внимателно нанесете го на кожата. Немојте никако да триете бидејќи можете дополнително да ја оштетите вашата кожа.

Јогурт: На изгореното место можете да нанесете и изладен јогурт или кисело млеко. Иако можеби овие продукти немаат некакви лековити својства, можат да ја намалат болката.

Колку долго трае изгореницата?

Во зависност од нејзиниот интензитет, изгореницата може да трае од неколку денови, до неколку недели. Со текот на времето можете да очекувате и лупење на кожата.

Во овој случај, обидете се да се воздржите од тоа да ја лупите кожата. Истовремено, носете широка облека која нема да се трие од веќе чувствителната област.

Дури и откако ќе помине изгореницата, можете да забележите трајни ефекти на кожата, како тенки линии, брчки или дамки. Сите овие симптоми се развиваат после повеќекратно изложување на сонце.

kako-da-se-spravite-so-izgorenicite-od-sonce-03.jpg

Спречувањето е најдобриот лек

Спречувањето на изгорениците е секогаш подобра опција отколку да се обидувате да ги лекувате. Покрај тоа, овие изгореници го зголемуваат ризикот од рак на кожата. Доколку планирате да бидете на сонце подолг период, не заборавајте на кремата за сончање, и тоа да ја нанесувате неколку пати.

Доколку не сте на плажа, внимателно одберете ја и облеката. На пример, синтетичките материјали, како полиестерот, нудат многу подобра УВ заштита од памукот.

Па, слободно уживајте во сонцето, но не заборавајте да ја заштитите вашата кожа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg