Дали и вие патите од сомнифобија - страв од спиење?

За повеќето луѓе спиење после напорниот ден е награда. Но оние кои страдаат од сомнифобија или нерационален страв од спиење, не го делат истото мислење. 

dali-i-vie-patite-od-somnifobija-strav-od-spienje-01.jpg

Најголемиот страв што го чувствуваат е поврзан со прашањата: дали ќе изгубат контрола врз своето тело и говор и дали ќе имаат ужасни кошмари после кои нема да се разбудат? 

Додека повеќето од овие грижи немаат никаква логичка основа, постојат ризични последици за луѓето кои стравуваат од спиење.

Имено, сомнифобија доведува до хроничен недостаток на сон, што предизвикува бројни здравствени проблеми.

Сомнифобија е ирационален страв од спиење.

Поради интензивна вознемиреност, напнатост и стравови поврзани со сонот, лицето кое страда од ова нарушување може да има бројни тешкотии.

Причините за сомнифобија се различни и зависат од голем број фактори. За повеќето луѓе, стравовите и фобиите се јавуваат поради некое трауматско искуство во минатото, што предизвикува да се избегне секоја средба со изворот на стравот.

Ова се некои од можните причини:

Хронични кошмари - повеќето луѓе повремено доживуваат кошмари, но за некои луѓе, ваквите вознемирувачки и реални соништа се случуваат секој пат кога се обидуваат да заспијат, поради што одбиваат да спијат.

Анксиозност - иако фобиите се еден вид анксиозно растројство, луѓето кои имаат сериозна анксиозност генерално можат да имаат проблем со спиењето, особено поради недостаток на контрола врз сопственото тело.

Месечарење - покрај тоа што е непријатно, месечарење е исто така и опасно, особено за луѓето кои за време на оваа несвесна состојба ги уништуваат работите околу себе или се ставаат во ризични ситуации.

Znaete li sto e somnifobija ili strav od spienje 04

Страв од смрт - помислата дека нема да се разбудат следниот ден е особено честа појава кај луѓето кои страдаат од сомнифобија. Ова мислење честопати ги тера да избегнуваат спиење.

Зборување во сон - многу луѓе зборуваат глупости во сон, но има и такви што многу се плашат да кажат нешто што другите не треба да го дознаат.

Хорор филмови - филмови со вознемирувачка и застрашувачка содржина можат да влијаат врз некои луѓе толку многу што се плашат да спијат.

Трауматски искуства - секој трауматски настан од минатото (на пр. смрт на некој близок, физички напад, злоупотреба и сл.) може да биде поттик за развој на одредени стравови.

Znaete li sto e somnifobija ili strav od spienje 03

Страв од спиење е почест кај децата, отколку кај возрасните. Родителите можат лесно да ги детектираат симптомите на кошмарите кај децата, претежно во форма на врескање, плачење или други одбранбени однесувања пред спиење.

Во овие ситуации, детето треба да се смири и да се најде компромис, во зависност од причината за стравот.

Дијагнозата за сомнифобија се прави само ако симптомите се јавуваат подолг период (најмалку шест месеци) и ако го нарушат нормалното секојдневно функционирање.

Најчестиот начин за лекување на повеќето фобии е когнитивно-бихејвиорална терапија, односно постепено изложување на лицето на неговиот извор на страв.

Најважниот лек за борба против стравовите е да го промените вашиот начин на размислување, односно да го погледнете изворот на стравот од друга перспектива.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg