Како да препознаете дали израстокот или грутката во вашата дојка е нормална?

Сигурно секогаш кога ќе забележите некој израсток или грутка на вашите гради почнувате да се грижите. Иако експертите сметаат дека 60% до 80% од овие израстоци се бенигни, секогаш е добро да обрнувате внимание на здравјето на вашите гради. Истовремено, секогаш кога ќе забележите нешто ново или различно кај вашите гради, консултирајте се со вашиот лекар.

kako-da-prepoznaete-dali-izrastokot-ili-grutkata-na-vashata-dojka-e-normalna-01.jpg

Сепак, ова не значи дека секоја промена на градите е лоша или знак за некој сериозен проблем. Бенигните грутки можат да бидат отечени лимфни жлезди, масни жлезди, растење на ткивото на градите или цисти. Само лекарот може точно да ви каже дали постои простор за грижа, но добро е да знаете кога грутките и израстоците на градите можеби се знак за нешто посериозно.

Проблематичните грутки често се тврди на допир

Ткивото на градите, мастите и млечните жлезди можат да ви изгледаат како грутки кога ги допирате. Но најчесто овие делови се флексибилни и помеки. Покрај тоа, која било грутка што е кружна и мека најверојатно е нешто нормално.

Многу жени имаат и цисти на градите, кои најчесто се појавуваат помеѓу 30-тата и 60-тата година од животот. Фиброаденомите се друг вид „грутки“ во градите кои лесно се движат. Воглавно и тие се безопасни.

Доколку грутката ви изгледа потврда и не се движи лесно под кожата, тогаш можно е да станува збор за некаков проблем. Тврдата неподвижна грутка може да биде тумор. Постојат бенигни тумори кои не се претвораат во рак, но ако забележите што било вакво, најдобро е веднаш да го проверите.

kako-da-prepoznaete-dali-izrastokot-ili-grutkata-na-vashata-dojka-e-normalna-02.jpg

Проблематичните грутки се придружени и со други симптоми

Доколку забележите грутка на градите, обрнете внимание и на другите настанати промени. Ова не значи дека сите промени се лоши. На пример, менструалниот циклус може да предизвика болка во градите која е безопасна. Исто така и доењето може да предизвика болка, црвенило или воспаленија. Сепак, и во овој случај посетете го вашиот лекар.

Доколку промените на градите вклучуваат дамки на кожата, промени на брадавиците и слично, можеби треба да проверите за што станува збор. Особено внимавајте доколку ви се појави крвав исцедок од брадавиците.

Иако најчесто грутките на градите не се нешто сериозно, најдоброто што можете да го направите за себе е да отидете на лекар.

kako-da-prepoznaete-dali-izrastokot-ili-grutkata-na-vashata-dojka-e-normalna-03.jpg

Како самите да ги прегледате вашите гради?

Препорачливо е да правите домашен преглед на вашите гради барем еднаш месечно. Дури 40% од случаите со рак на дојка биле дијагностицирани навреме благодарение на домашните прегледи. Постојат неколку начини на коишто можете да ги изведите.

Под туш

Користејќи го врвот на вашите прсти, проверете ја целата дојка. Движете ги прстите од внатрешноста кон центарот и не заборавајте да го проверите и делот под пазувите

Пред огледало

Визуелно прегледајте ги вашите гради со рацете поставени од страна. Потоа кренете ги рацете над главата и побарајте какви било промени на кожата или брадавиците. Потоа поставете ги дланките на колковите и притиснете за да ги стегнете мускулите на градите. Повторно побарајте какви било промени.

Лежејќи

Поставете перница под десното рамо и поставете ја десната рака зад главата. Со левата дланка проверете ја дојката со кружни движења.

kako-da-prepoznaete-dali-izrastokot-ili-grutkata-na-vashata-dojka-e-normalna-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg