Знаци кои покажуваат дека е време да побарате помош за депресијата

Дали постојано се чувствувате депресивно и не можете да уживате во ништо? Дали постојано посакувате нештата да бидат поразлични? 

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-pobarate-pomosh-za-depresijata-1.jpg

Можеби сите ви велат дека ќе ви помине и дека само треба да бидете среќни, но вие знаете дека не е толку едноставно. Доколку подолг период се чувствувате лошо, сигурно сте се запрашале дали можеби треба да побарате помош.

Доколку можете да се пронајдете во барем една од следниве ситуации, најдоброто што можете да го направите за себе е конечно да побарате помош за вашата депресија.

Не можете да станете од креветот

Размислете колку време поминувате во вашиот кревет. Можеби воопшто не сте уморни, но станувањето од креветот ви е вистински предизвик, бидејќи енмате желба за ништо. Па, најверојатно целиот ден го минувате дома, што прави да се чувствувате уште полошо.

Оваа навика е јасен знак за депресија. Доколку постојано сте тажни и очајни и сметате дека креветот е единственото безбедно место, тогаш е време да побарате помош.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-pobarate-pomosh-za-depresijata-02.jpg

Не ги правите нештата што ги сакате

Дали вашите хобија повеќе не ви се интересни? Дали излегувањето со пријателите ви изгледа невозможно? Депресијата ги тера луѓето да се изолираат и да го изгубат интересот за нештата што претходно ги сакале.

На депресивната луѓе им е потребно премногу енергија за да направат што било, па избегнуваат секаква активност.

Иронично е тоа што токму излегувањето од дома и наоѓањето некое хоби може да ви помогне да се справите со депресијата. Сепак, ова може да ви биде навистина тешко, па најдобро е да побарате и професионална помош.

Се чувствувате безнадежно и очајно

Дали постојано размислувате за негативните работи и за тоа колку ви е ужасен животот? Можеби мислите дека сте еден голем неуспех и дека никој не ве сака. Истовремено, убедени сте дека ова нема никогаш да се промени.

Луѓето со депресија им веруваат на сите негативни мисли, без разлика колку нелогично изгледаат.

Покрај тоа, тие се убедени дека нивниот живот засекогаш ќе биде таков. Кога сте во депресија, сè ви изгледа безнадежно и не можете да си замислите среќна иднина. Доколку ова ви се случува постојано, време е да побарате помош.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-pobarate-pomosh-za-depresijata-04.jpg

Постојано сте гневни и нетрпеливи

Дали сте забележале дека го губите трпението дури и со саканите личности? Дали им викате на децата или се расправате со партнерот повеќе од вообичаено? Нетрпеливоста кон саканите е јасен знак за депресија.

Чувството на безнадежност ве тера да мислите дека никогаш нема да ви биде подобро, а ова пак ја отежнува интеракцијата дури и со вашите најблиски.

Но токму саканите личности можат да ви помогнат побрзо и полесно да ја надминете депресијата. Па, доколку сте забележале дека почнувате да ги оттргнувате саканите од себе, тогаш треба да побарате помош.

Промени во исхраната и спиењето

Дали одеднаш ви се променил апетитот без некоја причина? Дали можеби јадете повеќе од вообичаено, или пак немате никаков апетит? Промените во начинот на исхрана можат да бидат знак за депресија.

Неретко луѓето се обидуваат да се утешат со храна, или пак се казнуваат и не јадат. И во двата случаи, само си го влошувате здравјето и вашата состојба. Истото важи и доколку забележите промени во вашето спиење.

Можеби постојано сакате да спиете, или пак имате проблеми со несоница.

Доколку имате проблеми со јадењето или спиењето, голема е веројатноста да имате депресија. Па не чекајте да ви се влоши состојбата, туку веднаш побарајте помош.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-pobarate-pomosh-za-depresijata-05.jpg

За жал, на луѓето со депресија им е тешко да побараат помош поради стигмата којашто постои и денес. Сепак, доколку забележите барем еден од симптомите, морате да побарате помош.

Лекувањето на депресијата не е толку лесно, но живеењето со депресија е најтешкото нешто со коешто можете да се соочите.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-e-vreme-da-pobarate-pomosh-za-depresijata-01.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg