9 здравствени состојби и проблеми кои можат да предизвикаат прекумерно потење

Инфаркт

Потењето е еден од симптомите на инфарктот. Доколку одеднаш почувствувате студена пот, болка во градите, вртоглавица и неудобност на левата страна од телото, можно е да доживувате инфаркт.

zdravstveni-problemi-shto-mozhat-da-predizvikaat-prekumerno-potenje-04.jpg

Дијабетес

Дијабетесот може да предизвика потење поради неколку причини – низок шеќер во крвта, оштетување на нервниот систем или невропатија.

Анксиозност

Кога телото е под стрес, најверојатно ќе се активираат и потните жлезди. Причината е што анксиозноста е показател за некоја потенцијално опасна ситуација, па телото почнува да ги празни течностите низ потните жлезди наместо низ бубрезите, за да не морате да уринирате сред опасност.

Покрај тоа, кога сте под стрес се забрзува циркулацијата на крвта, што пак ја зголемува телесната температура и предизвикува потење.

zdravstveni-problemi-shto-mozhat-da-predizvikaat-prekumerno-potenje-05.jpg

Хормонални промени

Менопаузата, бременоста, пубертетот и менструалниот циклус можат да предизвикаат хормонални промени. При овие состојби, најчесто се нарушува рамнотежата на естрогенот и прогестеронот, со што се зголемува телесната температура.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg