Секојдневни навики што полека го уништуваат вашето здравје

Пребрзо јадење

Брзото јадење може да предизвика дебелеење, па дури и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар. Покрај тоа, оние кои јадат брзо имаат поголеми шанси да се прејадат.

Миење на забите после јадење

Иако можеби изгледа како добра навика, некои истражувања покажале дека е најдобро да чекате околу половина час после јадење пред да ги миете забите. Нашите заби се заштитени од емајл, а киселината од храната може да го уништи. Ова значи дека нашите заби се најслаби после јадење. Емајлот се враќа во нормална после некое време, па најдобро е да почекате до тогаш.

sekojdnevni-naviki-shto-postepeno-go-unishtuvaat-vasheto-zdravje-04.jpg

Чистење на ушите со чепкалки

Оваа навика повеќе ви прави штета отколку добро. Според едно истражување, со чепкалките само го поттурнувате восокот од ушите подалеку во каналот. Ова може да предизвика инфекции и разни други проблеми.

Користење на апарат за сушење раце

Овие направи ги разнесуваат фекалните материи на сите страни. Механизмот што го користат направите често ги разнесува сите бактерии од воздухот во тоалетот.

sekojdnevni-naviki-shto-postepeno-go-unishtuvaat-vasheto-zdravje-05.jpg

Пиење премногу сок

Иако свежо цедените сокови се здрави, не треба да претерувате со нив. Претераното пиење сок може да предизвика дијабетес тип 2, дебелина и кариес. Исто така внимавајте и каков сок пиете, бидејќи купечките се полни со шеќери.

Консумирање премногу сол

Иако солта ѝ го подобрува вкусот на храната, сепак не треба да претерувате со неа. Претераното консумирање сол е поврзано со висок крвен притисок, срцеви заболувања и рак на стомакот.

sekojdnevni-naviki-shto-postepeno-go-unishtuvaat-vasheto-zdravje-06.jpg

Претерано спиење

Сонот е периодот кога телото се одмора и закрепнува. Но и претераното спиење си доаѓа со здравствени последици. Наводно, честото претерано спиење може да предизвика прерана смрт, депресија, срцеви заболувања, дебелина и нарушена функција на мозокот.

Постојано седење

Поголемиот дел од денешните активности вклучуваат седење, но оваа навика може да биде многу штетна. Најпрво, кога седите телото не согорува многу калории. Ова, пак, може да предизвика прерана смрт, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и дебелина.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg