Тестови од 30 секунди што ќе ви откријат колку сте здрави

Истегнување на мускулите на задникот

- На рамна површина легнете на стомак.

- Поставете ги рацете исправени покрај телото.

- Држете ја левата нога исправена на подот и почнете бавно да ја кревате десната.

- Свиткајте го коленото на десната нога и држете ја положбата 30 секунди.

Ако успешно ја изведовте вежбата, тогаш вашето тело е здраво.

Ако вежбата ви предизвикува болка, тогаш можно е да имате проблеми со gluteus maximus, еден од најсилните мускули во вашето тело.

testovi-od-30-sekundi-shto-kje-vi-otkrijat-kolku-ste-zdravi-04.jpg

Подигнување на двете нозе

- На рамна површина легнете на стомак.

- Поставете ги рацете исправени покрај телото.

- Кренете ги двете нозе нагоре и не мрдајте го остатокот од телото.

- Држете ја положбата 30-35 секунди.

Ако ја направивте вежбата без да ги мрдате нозете, тогаш вашето тело е здраво.

Но, доколку вежбата ви е тешка за изведување, тогаш можно е да имате проблем со абдоменот или долниот дел од ’рбетот.

testovi-od-30-sekundi-shto-kje-vi-otkrijat-kolku-ste-zdravi-05.jpg

Подигнување на горниот дел од телото

- На рамна површина легнете на стомак.

- Малку подигнете го горниот дел од телото, вклучувајќи ги и рацете.

- Држете ја положбата 30-35 секунди.

Ако без проблем ја изведовте вежбата, вашето тело е здраво.

Доколку вежбата ви е тешка, тогаш можно е да имате проблеми со грбот.

testovi-od-30-sekundi-shto-kje-vi-otkrijat-kolku-ste-zdravi-06.jpg

Иако овие тестови можат да бидат ефикасни, сепак не можат да го заменат лекарскиот преглед. Па, доколку имате какви било грижи за вашето здравје, најдобро е да го посетите вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg