Понекогаш насмевката ја крие најголемата тага – знаци како да препознаете „насмеана депресија“


Понекогаш насмевката ја крие најголемата тага – знаци како да препознаете „насмеана депресија“

Депресијата доаѓа во различни форми, а многупати луѓето од страна не можат да ја забележат бидејќи „жртвите“ умешно ја прикриваат зад лажна насмевка.

ponekogash-nasmevkata-ja-krie-najgolemata-taga-znaci-kako-da-prepoznaete-nasmeana-depresija-01.jpg

Дали знаете дека депресивните личности може во друштво да се смеат и да изгледаат сосема нормално, но кога ќе останат сами со себе, кај нив почнува да владее осаменоста и негативните чувства?

Затоа е важно да обрнувате внимание на вашите блиски и сакани, да не се потпирате на лажни насмевки и понекогаш подлабоко да „ѕирнете“ во нивната душа и ум.

Што е „насмеана депресија“ и зошто е опасна?

Ова е еден вид на депресија кај луѓето кои најчесто не се свесни дека се наоѓаат во таква состојба. Тие не се толку затворени во себе и секојдневните обврски ги завршуваат сосема нормално.

Во друштво тие разговараат и се смеат, па оставаат впечаток дека се среќни, иако длабоко во себе страдаат.

Токму поради тоа што изгледаат енергично и ентузијастично, блиските ретко може да забележат дека нешто не е во ред и дека „зад сцената“ тие се чувствуваат лошо и безвредно.

ponekogash-nasmevkata-ja-krie-najgolemata-taga-znaci-kako-da-prepoznaete-nasmeana-depresija-02_1.jpg

Кои се знаците на овој вид депресија?

Иако не мора да значи дека кај секого се појавуваат истите симптоми, сепак некои од знаците кои укажуваат на „насмеана депресија“ може да бидат следните:

  • Намален интерес за хобија и активности кои личноста некогаш ги сакала
  • Ненадејни промени во тежината и апетитот
  • Замор и губење на концентрација
  • Несоница
  • Негативни мисли кои претходно не биле карактеристични за личноста

ponekogash-nasmevkata-ja-krie-najgolemata-taga-znaci-kako-da-prepoznaete-nasmeana-depresija-03.jpg

Како да им помогнете на овие луѓе?

Кај секој вид на депресија, најважно е да им помогнете на луѓето да сфатат дека имаат проблем, бидејќи многумина не го прифаќаат тоа така. Дајте им до знаење дека вие сте тука за нив, дека не се сами и ги поддржувате во сè.

ponekogash-nasmevkata-ja-krie-najgolemata-taga-znaci-kako-da-prepoznaete-nasmeana-depresija-04.jpg

Слушајте ги внимателно

Не ги игнорирајте овие личности, не се однесувајте како да сте незаинтересирани за нивните зборови, мисли и чувства и дајте им до знаење дека ги слушате и разбирате. Понудете помош ако мислите дека може да направите нешто.

Помогнете им да ја зголемат самодовербата

Во голем број од случаите, ниската самодоверба е клучот за емоционалните и ментални проблеми. Обидете се да им помогнете на блиските да сфатат дека се совршени, дека изгледаат добро, дека се вредни и преку значајни активности да ја почувствуваат својата корист.

ponekogash-nasmevkata-ja-krie-najgolemata-taga-znaci-kako-da-prepoznaete-nasmeana-depresija-05.jpg

Натерајте ги да живеат нормално

Наместо да им дозволувате секој пат да си отидат после кратката средба, натерајте ги да правите работи заедно, да почувствуваат дека се некому потребни и дека можат и тие да си поминуваат добро.

Предложете им разговор со стручно лице

Секако, мора да внимавате на пристапот и начинот на кој ќе го кажете ова, но потрудете се вашиот близок да сфати дека не е ништо срамно или страшно ако посетат терапевт со кој ќе разговараат на разни теми. Впрочем, во модерното општество, тоа му е потребно на секого, не само на оние кои веќе искусуваат проблеми на ментално поле.

ponekogash-nasmevkata-ja-krie-najgolemata-taga-znaci-kako-da-prepoznaete-nasmeana-depresija-06.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како болката во кичмата е поврзана со болката во внатрешните органи? (фото водич) Честопати проблемите во кичмата односно ’рбетот предизвикуваат болка во другите ...
Влијае врз цело тело, енергија и на секоја возраст: Што треба да знаете за тироидната жлезда? Тироидната жлезда има заштитна улога во нашето тело, па затоа уште е позната и к...
Навики кои ќе ви помогнат да се ослободите од проблемите со сонот Природата на сонот е многу широко поле за истражување, а научниците секоја годин...

Најчитани неделава