Како медитацијата влијае врз вашето ментално здравје?

Во последните години сè повеќе и повеќе ја препорачуваат медитацијата како лек за многу работи. Од „алатка“ за намалување стрес, па сè до начин за губење на вишок килограми.

kako-meditacijata-vlijae-vrz-vaseto-mentalno-zdravje+01.jpg

Медитацијата досега се има покажано и докажано во многу сфери во нашето здравје, па затоа не е ни чудо што е форсирана последниве неколку години.

Медитацијата е навика која нема да ви одземе повеќе од 10 минути во денот, па зошто да не пробате?

Во продолжение прочтајте 6 причини како медитацијата може да му помогне на вашето тело:

Намалува стрес

Најчесто менталниот стрес може да предизвика да имате немирен сон, а многу често предизвикува и депресија. Медитацијата може да ви помогне да го намалите стресот и да го зголемите вашиот внатрешен мир.

Помага да ги изгубите вишокот килограми

Многу често нервозата и стресот се главни виновници за чувството на глад и многу често ве принудуваат да посегнете по некое слатко задоволство. Медитацијата ве ослободува од стресот и ви помага да ги намалите вишокот килограми, зарем не звучи одлично?

Го забавува стареењето на мозокот

Едно истражување има докажано дека медитацијата помага во работата на вашиот мозок. Луѓето кои медитираат имаат намален ризик да заболат од склероза и Алцхајмерова болест.

Доволно е да ја практикувате два пати неделно за да имате видливи резултати. На почетокот сè почнува со мали сесии кои траат од 10-15 минути, а како ќе ја практикувате сè почесто, така таа ќе ви стане еден вид рутина и ќе бидете подготвени да ги зголемите сесиите.

kako-meditacijata-vlijae-vrz-vaseto-mentalno-zdravje+02.jpg

Го подобрува сонот

Оние кои медитираат имаат поцврст, подолг и поздрав сон. Затоа што медитацијата целосно го опушта телото и го ослободува од секаков вид на стрес и анксиозност, што доведува до мир и ралаксација на менталното здравје.

Ја подобрува концентрацијата

Медитацијата ја подобрува концентрацијата и вниманието. Едно истражување покажало дека тренинг од само неколку недели медитација може да ја зголеми концентрацијата за 16%, што е навистина добар процент.

Ви го продолжува животот

Накратко кажано нема ништо да изгубите ако пробате да медитирате. Тоа можете да го правите било каде, било кога.

Ќе се ослободите од стресот, ќе си ја подобрите меморијата и концентрацијата, ќе ги намалите вишокот килограми и ќе станете потрпеливи, а што уште е потребно?

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg