Едноставен тест со прстите кој може да укаже на рани симптоми на рак на белите дробови

Малкумина од нас ги поврзуваат нашите раце и прстите со белите дробови. Сепак, експерт открил едноставен трик со прстите на рацете кој наводно може да открие тумор на главниот респираторен орган.

ednostaven-test-so-prstite-koj-moze-da-ukaze-na-rani-simptomi-na-rak-na-belite-drobovi-001.jpg

Ема Нортон, медицинска сестра на одделот за онкологија во Bupa, Велика Британија советува да ги споите двата показалци исто како на сликата.

Поголемиот дел од вас ќе забележат процеп помеѓу ноктите во облик на дијамант. Доколку ваквата празнина недостасува ова е знак на задебелување на прстите.

Test-so-prstite-rani-simptomi-na-rak-na-belite-drobovi_3.jpg

Овој навидум незначителен симптом се појавува дури во 35% од пациентите кои боледуваат од рак на белите дробови, според Cancer Research UK

Овој тест го вршат и медицински професионални лице како еден од многуте методи за утврдување на состојбата, но може да гo направите и самите, а трае само неколку секунди.

Доколку не успеете да видите никаква празнина односно процеп помеѓу споените нокти на прстите, ова значи дека вашите прсти се потечени.

Test-so-prstite-rani-simptomi-na-rak-na-belite-drobovi_1.jpg

Иако нема потреба од паника, сепак Нортон препорачува да се упатите на преглед, за да бидете сигурни. Во некои случаи едноставно може да станува збор за отечени прсти кои се наследни.

Потеченоста се однесува на промена на обликот на прстите и ноктите. Најчесто започнува со промена на ноктот, во смисла тој станува многу мек, а околната кожичка која го опкружува е сјајна.

Ноктот изгледа многу позаоблен и подебел кога се набљудува од страна. Крајот на ноктот може да се задебели, да стане поголем, до точка на искривување. Оваа состојба најчесто не е проследена со болка, а може да зафати само еден прст наместо сите.

Test-so-prstite-rani-simptomi-na-rak-na-belite-drobovi (2).jpg

Како ракот на белите дробови се поврзува со отеченоста на прстите?

Зошто прстите се задебелуваат и при спојувањето на показалците не може да видите процеп е сè уште нејасно. Се смета дека е предизвикано од собирање на течностите во меките ткива на крајот од прстите.

Ова може да се должи на поголемиот проток на крв во областа или поради хемикалиите или хормоните што ги ослободуваат туморите. Ниското ниво на кислород во крвта може исто така да предизвика ослободување на протеините на „васкуларните ендотелијални фактори на растот“.

Ова може да доведе до отекување и поделба на клетките во периферниот дел на ноктите. Отекувањето и задебелувањето на прстите најчесто се поврзува со карцином на белите дробови.

Со помош на овој едноставен тест лекарите можат многу порано да ја детектираат болеста. Сепак, овој тест не покажува 100% точност, па нема потреба од паника, доволно е само да направите преглед. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...
Физички симптоми и проблеми кои (најчесто) се последица од хроничен стрес Паѓањето на косата, нередовните менструации и проблемите со стомакот можат да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg