Како нозете секогаш да ви бидат топли во зима?

За поголем дел од луѓето топлите раце и нозе се посебно тежок проблем во зима.

kako-nozete-sekogas-da-vi-bidat-topli-vo-zima-01.jpg

Ако и вие сте од оние кои упорно не може да ги стоплат стапалата, дури и со термо чорапи, можеби треба да пробате неколку трикови и совети за да го решите проблемот:

1. Најдобри се чорапите од волна

Памукот треба да го избегнувате, освен ако не носите два пара чорапи, што е подобра опција отколку еден. Во тој случај, чорапите треба да бидат од тенок памук. Сепак, најдобра опција за вечно смрзнатите нозе се чорапите со 70% или повеќе волна.

Избегнувајте чорапи со стегнат ластик кој ја сопира циркулацијата.

kako-nozete-sekogas-da-vi-bidat-topli-vo-zima-03.jpg

2. Додадете влошка во чевлите

Задолжително ставете уште еден слој изолација во чевлите или чизмите, односно ставете топла влошка.

kako-nozete-sekogas-da-vi-bidat-topli-vo-zima-02.jpg

3. Секогаш носете резервни чорапи со вас

Звучи смешно, но ако сте склони на потење на нозете, добро би било во текот на денот да ги промените чорапите со нов, сув пар.

4. Активирајте ги нозете, односно размрдајте ја циркулацијата

Дури и да имате седечка работа, обидете се да ги размрдувате нозете под бирото, да ги вртите глуждовите и да ги движите прстите колку што имате простор во чевлите.

Секое движење ќе ја подобри циркулацијата.

kako-nozete-sekogas-da-vi-bidat-topli-vo-zima-04.jpeg

5. Наутро и навечер мијте ги нозете со наизменично ладна и топла вода

За да ја подобрите циркулацијата исто така е важно да ги миете нозете неколку минути со ладна, па неколку минути со топла вода.

Важно: Во текот на денот не ги држете нозете прекрстени!

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg