Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 болести кои имаат различно влијание врз мажите и жените

Иако мажите и жените можат да ја имаат истата болест со слични симптоми, неретко болестите имаат различно влијание кај двата пола.

8-bolesti-koi-imaat-razlichno-vlijanie-vrz-mazhite-i-zhenite-01.jpg

На пример, жените можат да чувствуваат поизразени симптоми, а мажите, пак, да имаат полоши последици од некоја болест.

Во продолжение погледнете ги 8-те болести кои имаат различно влијание кај мажите и жените:

Паѓање на косата

Мажите имаат поголема веројатност да се соочат со паѓање на косата за разлика од жените. Кај речиси сите мажи, паѓањето на косата започнува напред, а понекогаш и на тилот.

Причина за ова е тоа што тестостеронот има поголемо влијание врз косата на мажите. Овој хормон се „претвора“ во друг хормон, кој ја прави косата пократка и потенка.

Мажите можат да ги забележат првите значи на ќелавење уште во 20-тите, додека кај жените косата почнува да паѓа во 50-тите и 60-тите години.

Неретко, паѓањето на косата кај жените не е поради староста, туку поради гените или некој здравствен проблем.

8-bolesti-koi-imaat-razlichno-vlijanie-vrz-mazhite-i-zhenite-02.jpg

Акни

На жените почесто им се појавуваат акни пред менструација или кога ќе влезат во менопауза. Ова се периоди кога рамнотежата на хормоните во нивните тела е нарушена.

И кај двата пола можат да се појават акни и во детството и кога се возрасни. Обично, кај мажите овие акни траат подолго бидејќи нивното тело лачи повеќе себум, односно маснотии кои предизвикуваат акни.

8-bolesti-koi-imaat-razlichno-vlijanie-vrz-mazhite-i-zhenite-03.jpg

Мултиплекс склероза

Мултиплекс склерозата е 2 до 3 пати почеста појава кај жените за разлика од мажите. Сепак, многу често болеста е поинтензивна кај мажите.

Примарно прогресивната мултиплекс склероза е фаза од болеста во која нема подобрување на состојбата. Овој вид е почеста појава кај мажите.

Остеопороза

Жените имаат 4 пати поголем ризик да се соочат со остеопороза за разлика од мажите. Причината за ова е тоа што коските на жените се полесни и потенки.

Најчесто ова нарушување се појавува кај жените постари од 50 години.

8-bolesti-koi-imaat-razlichno-vlijanie-vrz-mazhite-i-zhenite-04.jpg

Продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

8 симптоми на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни Постои разлика меѓу симптомите на инфаркт што ги чувствуваат мажите и жените. И,...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои мажите не треба да ги кријат Прекумерното потење, но и еректилната дисфункција можат да бидат знак за проблем...
8 суптилни симптоми на депресија кај мажите (не покажуваат тага, туку бес) Мажите со депресија често не покажуваат тага. Наместо тоа, можеби ќе изгледаат п...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
„Кои мои навики мислев дека се нормални, а всушност биле симптоми на АДХД?“ „Ќе кажам само: чувствителност на одбивање и критики. Не знаев дека не сите луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg