Побелен јазик, темна кожа на пазувите - 4 загрижувачки знаци кои укажуваат на болести

Постојат неколку вообичаени знаци кои ги дава телото, а кои укажуваат на одредени здравствени проблеми.

pobelen-jazik-temna-koza-na-pazuvite-4-zagrizuvacki-znaci-koi-ukazuvaat-na-bolesti-01.jpg

Ова се 4 симптоми кои даваат предупредувачко црвено светло дека нешто не е во ред со вашето здравје:

1. Темна, задебелена кожа околу вратот или пазувите.

Ова може да е знак за дијабетес. Acanthosis nigricans е состојба на кожата која се карактеризира со задебелена, темно пигментирана кожа, а се јавува најчесто кај лица со зголемена тежина и дијабетичари.

Ако се појави кај деца, можно е да сигнализира на поголем ризик од развој на дијабетес тип 2.

2. Испакнати очни јаболчници.

Гледате поголеми белки на очите отколку вообичаено? Ова би можело да биде знак за претерано активна работа на тироидната жлезда.

Оваа состојба, може да доведе до нагло губење на тежината, неправилна работа на срцето, потење и нервоза.

3. Ви паѓаат влакната од веѓите.

Ако ви паѓаат веѓите, може да биде знак за неактивна тироидна жлезда.

Хипотироидизам е состојба во која жлездата не произведува доволно од некои од важните хормони.

pobelen-jazik-temna-koza-na-pazuvite-4-zagrizuvacki-znaci-koi-ukazuvaat-na-bolesti-02.jpg

Ова најчесто се случува кај жени постари од 60 години, а може да предизвика дебелеење, болки во зглобовите и болести на срцето.

4. Јазикот ви е мазен и блед.

Здравиот јазик треба да е црвенкаст и нерамен. Ако јазикот ви е мазен и блед, тоа може да покажува дека нешто недостасува во организмот.

Најчесто ова е знак за недостиг на железо, фолна киселина и витамин Б12.

За сите овие симптоми, обратете се кај вашиот лекар за стручно мислење и анализи.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава