Брчките се бришат како со гума: намирници кои се неопходни за здрав и младешки изглед

Каква било пречка во поглед на работата на организмот, а особено во работата на цревата, со сигурност ќе има влијание врз изгледот на вашата кожа. 

brchkite-se-brishat-kako-so-guma-namirnici-koi-se-neophodni-za-zdrav-i-mladeshki-izgled-001.jpg

Многу луѓе се во заблуда мислејќи дека иритацијата на кожата може да се лекува површински. Вистината е дека без здрав организам не може да има ни здрава кожа.

Секоја неправилна работа на кој било од органите се одразува на нејзината состојба. Акните, појавата на вишокот себум, односно маснотии како и другите воспалителни процеси се всушност последица на лошата здравствена состојба.

Кога во цревата се покачува нивото на штетните бактерии кои го нарушуваат интегритетот на нивните ѕидови, тоа предизвикува појава на воспалителни процеси, особено промени коишто ѝ се случуваат на кожата како егзема, акни, псоријаза, итн.

Добрата вест е што со подобрување на навиките и исхраната можеме да ги смириме овие воспалителни процеси кои го нарушуваат изгледот на кожата.

Пробиотиците се клучни за добриот изглед

Со цел да имате убава, здрава и сјајна кожа потребно е од исхраната да ги исфрлите оние производи кои го поттикнуваат зголемувањето и ширењето на штетните бактерии и да ги вклучите повеќе оние коишто во себе содржат здрави пробиотици.

Каква е нивната улога и зошто му се неопходни на телото?

Пробиотиците се живи микроорганизми кои се наоѓаат во цревната флора и помагаат во формирањето на здрава микрофлора.

Без нив, цревата не се во состојба да функционираат нормално.

Доколку сакате да ја подобрите работата на цревата, а како резултат на тоа да имате здрава кожа, во исхраната треба да вметнете што е можно повеќе:

  • Свежо овошје и зеленчук, риба и морски плодови, интегрални житарки, јатки и здрави масла
  • Од зачини: ѓумбир и куркума
  • Повеќе ферментирана храна како кисела зелка, комбуха, кефир.

Од режимот на исхрана задолжително треба да ги исфрлите:

  • Шеќерите
  • Храната полна со адитиви
  • Алкохолот
  • Намирници коишто содржат глутен

Доколку го практикувате овој тип на исхрана во рок од еден месец, работата на цревата ќе започне да се одвива нормално. Како резултат на ова веднаш ќе ја забележите промената на вашата кожа. Лачењето на себум значително ќе се намали, како и акните или исипот на кожата.

Ова е само првиот чекор кон подобрување на изгледот на кожата. Откако ќе ја нормализирате работата на цревата, потребно е да продолжите со регулирана исхрана со цел таа целосно да заздрави.

Во следната фаза, исхраната ви требало да се состои од:

  • Повеќе протеини, затоа што тие се неопходни за создавање на еластин и колаген
  • Храна богата со омега-3 масни киселини (масни риби, ленено семе, чија, масла)
  • Секојдневно пиење чиста вода (најмалку 1,5 l)

Вклучувајќи ги овие намирници во вашата исхрана вие ќе иницирате моќен и ефикасен механизам во борбата против стареењето. Ќе изгледате и ќе се чувствувате здраво, без оглед на годините во личната карта, а брчките и сите други појави на кожата ќе се избришат како со гума.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg