Грешки во оралната хигиена со кои си ги уништувате забите

Знаевте ли дека дури 2,4 милијарди луѓе ширум светот страдаат од некаков проблем со забите?

reshki-vo-oralnata-higiena-so-koi-si-gi-unishtuvate-zabite-01.jpg

Причината е што секојдневно правиме грешки во оралната хигиена, за кои воопшто не сме свесни. Но, токму овие грешки се причина за проблеми со забите кои можат да ве чинат многу.

Во продолжение погледнете кои се најчестите грешки при оралната хигиена што е најдобро да ги избегнувате.

Игнорирање на лошиот здив

Лошиот здив најчесто е поради лоша хигиена или болест на забите. Понекогаш вие можеби нема да го забележите непријатниот здив, но другите околу вас сигурно го забележуваат.

За да ги избегнете овие непријатни ситуации, можете да направите мал тест:

- Лизнете ја внатрешната страна од вашиот зглоб.

- Почекајте 5-10 секунди.

- Мириснете го лизнатото место - ако мириса лошо, имате проблем со лош здив.

Можете да го проверите здивот и на уште еден начин - со прст, или парче памук, земете еден вид брис од под јазикот. Почекајте неколку секунди и мириснете.

reshki-vo-oralnata-higiena-so-koi-si-gi-unishtuvate-zabite-02.jpg

Пиење после миење заби

Нормално дека наутро ќе појадувате после миењето заби. Но, пастата е последното нешто што треба да го ставите во уста на крајот од денот.

Дури и пиењето чај откако ќе ги измиете забите пред спиење може да има лошо влијание.

Плакнење на забите после четкање

Најдобро е да не ја плакнете темелно устата веднаш после четкање. Причината е што водата ќе го исплакне флуорот што останал од пастата.

Најдобро е да почекате неколку минути, па потоа да исплакнете со вода.

reshki-vo-oralnata-higiena-so-koi-si-gi-unishtuvate-zabite-03.jpg

Кратко четкање на забите

Ако ги миете забите само 30 секунди дневно, нема да постигнете нешто.

Според заболекарите, треба да ги четкате забите барем 2 минути и темелно да ги исчистите од сите страни.

Пресилно четкање

Можеби мислите дека со силното четкање ќе ги полирате забите. Но, оваа навика само ќе го оштети емајлот и ќе ги направи забите почувствителни.

Исто важно е да ја одберете и правилната четка за вас. За ова, најдобро е да се консултирате со вашиот заболекар.

reshki-vo-oralnata-higiena-so-koi-si-gi-unishtuvate-zabite-04.jpg

Четкање на забите веднаш после оброк

На овој начин не само што не постигнувате ништо, туку четкањето после оброк има лошо влијание врз емајлот, особено ако сте јаделе нешто кисело.

После оброк, почекајте барем половина час пред да ги измиете забите.

reshki-vo-oralnata-higiena-so-koi-si-gi-unishtuvate-zabite-05.jpg

Не ја менувате четката

Препорачливо е да ја менувате четката за заби на секои 3 месеци. Или, направете го тоа откако ќе се „истроши“.

Само тогаш четкањето ќе има позитивен ефект.

Не ја менувате четката кога сте болни

Четката за заби не ги убива бактериите во устата. Па, ако не ја промените откако ќе се разболите, постои ризик повторно да ја „закачите“ истата болест.

Притоа осигурете се дека вашата четка не допира некоја друга додека сте болни.

reshki-vo-oralnata-higiena-so-koi-si-gi-unishtuvate-zabite-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg