Промени на телото и во однесувањето кои можеби се знак за некој проблем

Промена на бојата на очите

Понекогаш високиот холестерол може да предизвика појава на бел или сив прстен околу рожницата. Обично ова било забележано кај луѓе помлади од 45 години.

Самиот прстен е безопасен и има само визуелен ефект.

Желба за солена храна

Нормално е одвреме-навреме да ви се јаде нешто солено. Но, ако оваа желба станува многу интензивна, а понекогаш не можете ни да ја контролирате, можеби треба да се запрашате која е причината.

Силната желба за солено може да биде знак за недостаток од железо, анемија, дехидратација или ПМС.

promeni-na-teloto-i-vo-odnesuvanjeto-shto-mozhebi-se-znak-za-poseriozen-problem-08.JPG

Заборавеност, замор и намалено либидо

Понекогаш луѓето мислат дека ова се симптоми на депресија. Бидејќи се чувствуваат изморено и тажно, немаат енергија и тешко им е да запомнат нешто, сметаат дека се депресивни.

Но, лекарите тврдат дека овие симптоми некогаш се знак и за проблеми со тироидната жлезда.

Неретко овие проблеми се пропратени и со дебелеење.

Постојана жед

Експертите сметаат дека не е нормално постојано да чувствувате жед. Доколку сте во ваква ситуација, обрнете внимание на храната што ја консумирате. Ако јадете премногу зачинета или солена храна, намалете.

Истовремено, постојаната жед може да се појави и кај луѓето со дијабетес и за време на бременост.

promeni-na-teloto-i-vo-odnesuvanjeto-shto-mozhebi-se-znak-za-poseriozen-problem-10.JPG

Желба за грицкање мраз

Желбата за грицкање мраз може да биде многу повеќе од навика. Некои истражувања ја поврзале оваа потреба со недостаток од железо во организмот или анемија.

Ако не можете да ја контролирате желбата, можеби треба да ја проверите крвта.

Сепак, без разлика кој од горенаведените симптоми го чувствувате, не можете сами да одредите дали воопшто има некаков проблем. А, доколку имате какви било грижи, консултирајте се со лекар пред да преземате нешто.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg