Дали дебелината во текот на бременоста има влијание врз развојот на детето?

Врската помеѓу мајката и детето без сомнение е една од најсилните. Раѓањето дете целосно го менува животот на жената, а покрај сета радост и среќа, со детето доаѓа и огромна одговорност.

dali-debelinata-vo-tekot-na-bremenosta-vlijae-vrz-razvojot-na-deteto-01.JPG

Но, самата бременост е сосема друга приказна и неверојатно искуство. Во текот на бременоста, покрај многуте промени на телото, секоја жена се здебелува и ова е сосема нормално.

Сепак, некои истражувања покажале дека прекумерното дебелеење во бременоста можеби има влијание и врз детето. Ова не значи дека треба да држите диети додека сте бремени, туку обидете се да се храните што е можно поздраво.

Дебелина за време на бременост

Зголемување на телесната маса за време на бременоста е нормално, но само кога е во здрави рамки.

Ако качите многу килограми во текот на бременоста, можно е да се соочите со висок крвен притисок, гестациски дијабетес и слично.

dali-debelinata-vo-tekot-na-bremenosta-vlijae-vrz-razvojot-na-deteto-02.JPG

Дебелината и ризиците во бременоста

Ако жената се здебели премногу во текот на бременоста, најчесто се мисли дека лошото влијание го чувствува само таа.

Но, понекогаш дебелината влијае и врз нероденото дете.

Научниците од универзитетите во Колумбија и Тексас објавиле истражување во BMC Pediatrics. Според нивните наоди, дебелината на мајката во текот на бременоста можеби е поврзана со тешкотиите во последователниот развој на нејзиното дете.

Тимот што го сочинувале епидемиолози, нутриционисти и медицински експерти проучувал 368 мајки и нивните деца. Испитаниците биле проучувани за време на бременоста и кога децата имале 3 и 7 години.

Сите жени ѝ припаѓале на иста социјална и економска класа. Биле земени предвид и фактори како образованието на мајката, нејзиниот коефициент на интелигенција и брачниот статус.

Се обрнало внимание и на гестацискиот период во кој се родил бебето и опкружувањето во кое се наоѓало.

dali-debelinata-vo-tekot-na-bremenosta-vlijae-vrz-razvojot-na-deteto-03.JPG

Истражувањето не ја земало предвид исхраната на мајката и дали бебето е доено или не.

Кога децата имале 3 години, биле тестирани нивните моторички способности и истите тестови биле повторени кога имале 7 години.

Што покажале резултатите?

Резултатите покажале дека кај 3-годишните деца, забавениот развој на моторичките способности бил поврзан со дебелината на мајката во текот на бременоста.

Кога тестот бил повторен на 7-годишна возраст, се открило дека машките деца чии мајки биле со значително прекумерна тежина во бременоста, имале понизок коефициент на интелигенција. Разликата била 5 поени и била забележана само кај машките деца.

Што значи сето ова?

Важно е да се напомене дека иако можеби има некаква врска помеѓу дебелината во бременоста и развојот на детето, не е точно познато што е причината за тоа.

dali-debelinata-vo-tekot-na-bremenosta-vlijae-vrz-razvojot-na-deteto-04.JPG

Притоа, бројот на испитаници е многу мал за да се тврди со сигурност дека токму дебелината е причина за забавениот развој.

Доколку сте загрижени за вишокот килограми во бременоста, немојте сами да држите диети, да вежбате или да се обидувате да ослабете.

Што и да сакате да направите, консултирајте се со вашиот лекар. Прашајте го дали вашата тежина е во рамките на нормалата и доколку не е, слушајте ги само неговите препораки.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg