Опасност без јасни симптоми – Што треба да знаете за вонматеричната бременост?

Нормалната бременост почнува така што оплодената јајце клетка поминува низ јајцеводот, до матката, се засадува за нејзиниот ѕид и почнува да расте. Но, компликациите може да се појават ако оплодената јајце клетка се засади за друг дел, надвор од матката.

opasnost-bez-jasni-simptomi-sto-treba-da-znaete-za-vonmatericnata-bremenost-01.jpg

Вонматеричната бременост најчесто се јавува како последица на инфекции или болести во женското тело.

Во такви случаи, оплодената јајцеклетка може да се засади во јајцеводите, јајниците, грлото на матката или ѕидот на стомакот. Називот вонматерична бременост сосема одговара на состојбата, иако точниот назив би бил ектопична бременост.

Состојби кои може да предизвикаат вонматерична бременост:

Најчеста причина за компликации при оплодувањето се оштетувањата на јајниците.

Недоволно развиената или закривената матка исто така може да предизвика проблеми.

Освен тоа, оваа бременост може да ја поттикнат:

  • Инфекции на карлицата
  • Полово преносливи болести
  • Воспаленија
  • Операција на јајцеводот
  • Вметнато оплодување
  • Пушење

opasnost-bez-jasni-simptomi-sto-treba-da-znaete-za-vonmatericnata-bremenost-03.png

Симптоми кои може да укажуваат на компликации:

Првите симптоми на бременост ќе бидат исти како и кај нормалната бременост. Прво ќе дојде до доцнење на менструацијата, утрински мачнини, чувствителност на мириси и вкусови, слабост и отекување на зглобовите.

Можно е да се работи за вонматерична бременост доколку почувствувате:

  • Сериозна болка во долниот предел на стомакот, рамениците и грбот
  • Остра болка која предизвикува губење на свест
  • Интензивен раст на телесната температура
  • Грчеви
  • Забрзана работа на срцето
  • Потреба за повраќање
  • Крвавење, кое обично се појавува во подоцнежната фаза од бременоста

Знаците може да се појават 2-3 недели по доцнењето на менструацијата, но некогаш треба и повеќе време.

opasnost-bez-jasni-simptomi-sto-treba-da-znaete-za-vonmatericnata-bremenost-02.jpg

Што се прави при вонматеричната бременост?

Вонматеричната бременост може да се третира со лекови или со примена на хируршка интервенција. Многу е важно на време да ја дијагностицирате на гинеколог, бидејќи е важно да се прекине во раната фаза на развој.

Дали ќе можете повторно да останете бремени по вонматеричната бременост?

Дефинитино да. Обично се препорачува да се почекаат 3-4 менструални циклуси пред повторно да се обидете да забремените.

Овој период е неопходен како би им се овозможило на јајцеводите да закрепнат од претходниот третман, бидејќи успешноста за нормална бременост зависи од нивното здравје.

Ова подразбира задолжително користење заштита во првиот период пред повоторно да се обидете, бидејќи само така ќе се заштитите и од полово преносливите болести и разни инфекции кои може само да ве вратат на почетокот на болното искуство.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg