Народни лекови кои наводно ја смируваат кашлицата

Упорната и долготрајна кашлица може да биде измачување за организмот.

narodni-lekovi-koi-ja-smiruvaat-kaslicata-2_resize.jpg

Споделуваме како со неа се бореле бабите во минатото и кои народни лекови наводно им помагале:

1. Помешајте 1 лажица свеж босилек со 1 лажица мед во 300ml врела вода и оставете да отстои 10 минути. Потоа процедете го чајот и пијте ја течноста 3 пати во денот, пред јадење. Терапијата применувајте ја до оздравување.

2. 800g мед, 200ml ракија и 800g свеж путер промешајте ги додека не добиете паста. Консумирајте секое утро по 2 лажици – 30 дена.

3. 3 лажици кршен лист од темјан се прелева со половина литар врела вода, се поклопува 2 часа и потоа се процедува. Засладете со мед и пијте по 1 лажица на 2 часа.

narodni-lekovi-koi-ja-smiruvaat-kaslicata-001_resize.jpg

4. Истолчете неколку чешниња лук и додадете му 1-2 лажици домашен мед. Добро измешајте и консумирајте по 1 мала лажичка на секој час.

5. Сварете чај од виолетов кромид. Насечкајте една главица и прелијте со врела, зовриена вода. Нека отстои неколку минути, додека не добие црвено-кафеава нијанса. Процедете и пијте по неколкупати во текот на денот.

Напомена: Ова не се препорачани лекови од медицинско лице, туку народни лекови, што не значи дека со сигурност имаат ефект. Доколку решите да користите некој од нив, консултирајте се со стручно лице. 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg