Медитација за почетници

meditacija-za-pocetnici-povekjeАко никогаш не сте медитирале, а имате желба и празен џеб, следете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ја направите медитацијата како што треба:


meditacija-za-pocetnici

1. Пронајдете мирно место на кое никој нема да ве вознемирува. Ослободете го умот од сите грижи и стрес што се насобрале во текот на денот. Запалете миризливи стапчиња и свеќи. Еднаш кога сте создале пријатна атмосфера, седнете на перница и исправете се. Многу е важно во текот на медитацијата да ви биде пријатно, сепак, потрудете се да останете будни.

2. Затворете ги очите и длабоко вдишете на нос, фокусирајќи се на протокот на воздух. Издишете и ослободете ги насобраните тензии. Одморете неколку минути и фокусирајте се на повторување на оваа вежба сè додека во потполност не го прочистите својот ум.

3. Доколку во вашиот ум се појават мисли, немојте да се борите со нив. Затоа што тоа ќе резултира со појава на нови мисли и ќе ве доведат до размислување. Наместо тоа, обрнете внимание на чувството како воздухот поминува низ вашите бели дробови.

4. Со секое вдишување, вдишете повеќе одошто сакате, отпуштајќи ги негативните мисли или енергија со секое издишување. Совршенство се постигнува со вежбање, затоа повторувајте ја вежбата секојдневно. За опуштење ќе ви бидат доволни само 15 минути.

Би можело да ве интересира:

Што е ПАП тест, што открива и на колку време е препорачано да се прави? Редовните гинеколошки прегледи и правењето ПАП тест се од непроценливо значење з...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...
10 мали животни промени со кои ќе ги намалите симптомите на анксиозност Пијте чај од камилица, дишете длабоко и бидете што е можно поактивни – Некои нав...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Доцнење на менструацијата и уште 2 необични знаци дека сте претерале со кафето Знаете ли колку кафе е препорачано да пиете дневно? Иако од кафето има и здравст...
Како се пренесува, кои се симптомите и дали има лек? Сè што треба да знаете за сифилис Сифилисот е честа сексуално пренослива болест која може да се излечи со кратка т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg