Како да ги препознаете знаците на ослабениот имунитет?

Имунитетот е прва и вистинска бариера која спречува болестите да навлезат во нашето тело. Како да препознаете дека таа бариера ви е на прагот на слабоста?

kako-da-gi-prepoznaete-znacite-na-oslabeniot-imunitet-03.jpg

Во време кога постојано се зборува за јакнење на имунолошкиот систем, важно е да знаете да препознаете кога тој е исклучително слаб.

Ова се знаците со кои телото ве предупредува дека нешто не е во ред со имунитетот:

1. Имате постојано ладни раце.

2. Имате нередовна столица и проблеми со дигестивниот тракт повеќе од 2 недели.

3. Очите ви се суви, чувствувате пецкање и болка при трепкање.

4. Чувствувате постојан замор.

5. Температурата ви е покачена на 37 степени и тоа трае неколку денови.

6. Главоболките се почести и посилни од вообичаено.

7. Забележувате промени на кожата во облик на исфрлања.

kako-da-gi-prepoznaete-znacite-na-oslabeniot-imunitet-02.jpg

8. Чувствувате болки во коските и зглобовите.

9. Забележувате опаѓање на косата.

10. Често сте настинати, пропратени со компликации кои си налагаат антибиотици.

11. Чувствителни сте на сонце, дури и на најслабите зраци.

12. Трнење во екстремитетите.

13. Имате потешкотии при голтањето.

14. Нагло губење или накачување на килограми, без промена во исхраната.

15. Бели дамки по кожата.

kako-da-gi-prepoznaete-znacite-na-oslabeniot-imunitet-01.jpg

Следете ги сигналите кои телото ви ги праќа, редовно правете лекарски контроли, бидејќи само така може да спречите сериозни болести.

М. Д. | Црнобело / Фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg