Природни начини како да ја спуштите високата телесна температура

Високата температура може да биде опасна, посебно ако достигне 40 степени и тоа трае со денови, па во такви случаи задолжително треба да се консултирате со лекар (дури и кога е пониска).

prirodni-nacini-kako-da-ja-spustite-visokata-temperatura-001.jpg

Но, доколку се лекувате во домашни услови и температурата не е ризична, префрлете се на природните алтернативи кои имаат помалку несакани ефекти од таблетите, секако, задолжително со претходна консултација со лекар.

Совети кои може да ви помогнат да ја намалите температурата на телото:

Ако веќе имате висока температура, пијте многу вода. Поради тоа што телото напорно работи да се избори со вирусот или настинката, може да дојде до дехидрација, па потребно е да му помогнете на организмот.

Истуширајте се со млака вода. Почнете со топла вода и постепено намалувајте ја температурата додека не дојдете на млака температура. Внимавајте да не му направите шок на организмот и не претерувајте со ладната вода.

Пијте природни сокови. Антиоксидансите и витамините од овошјето ќе ви помогнат.

Ладните облоги исто така помагаат.

prirodni-nacini-kako-da-ja-spustite-visokata-temperatura-001.jpeg

Супата во која ќе додадете зачин босилек помага да ја намалите температурата на природен начин.

Чајот од шафран се подготвува на следниов начин: ½ лажичка шафран потопете во 30ml врела вода. Пијте 1 шолја чај на секој час.

Сокот од грејпфрут исто така е добар лек. Треба да разредите половина чаша свежо цеден грејпфрут со половина чаша ладна вода.

Сокот од цвекло и јаболко исто така помага, но само ако е домашно цеден во соковник. Избегнувајте го овој лек само доколку се работи за стомачен вирус.

Одвојте неколку листови зелка. Изгмечете ги, да пуштат малку сок и користете ги како облоги.

Напоменa: Ова не се општо прифатени лекови од кои треба да очекувате загарантиран резултат, но може да ви помогнат на природен начин телото да се избори. Секогаш консултирајте се со лекар пред да почнете со домашни лекови. 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg