Кои овошни плодови треба да ги консумирате за време на бременоста?

6. Банани

Содржат: витамин Ц, калиум, витамин Б6, хранливи влакна.

Високата содржина на влакна во бананите може да помогне при констипација поврзана со бременоста, а има и некои докази кои сугерираат дека витаминот Б6 може да помогне во ублажување на утринската мачнина на почетокот од бременоста.

koi-ovoshni-plodovi-treba-da-gi-konsumirate-za-vreme-na-bremenosta-08.jpg

7. Грозје

Содржи: витамин Ц и К, фолна киселина, антиоксиданти, хранливи влакна, органски киселини, пектин.

Хранливите материи во грозјето можат да бидат од помош за биолошките промени што се случуваат за време на бременоста.

Тие содржат антиоксиданти кои го зголемуваат имунитетот, како што се флавонол, танин, линалол, антоцијан и гераниол, кои исто така помагаат во спречување на инфекции.

koi-ovoshni-plodovi-treba-da-gi-konsumirate-za-vreme-na-bremenosta-09.jpg

8. Бобинки

Содржат: витамин Ц, здрави јаглехидрати, антиоксиданти, хранливи влакна.

Бобинките содржат и многу вода, па затоа се одличени за хидратација. Витаминот Ц помага при апсорпција на железо и го зајакнува имунитетниот систем на организмот. 

koi-ovoshni-plodovi-treba-da-gi-konsumirate-za-vreme-na-bremenosta-10.jpg

9. Јаболка

Јаболката се преполни со хранливи материи за да му помогнат на растечкиот фетус, вклучувајќи: витамини А и Ц, хранливи влакна, калиум.

Едно истражување открило дека јадењето јаболка може да ја намали веројатноста бебето да развие астма и алергии со текот на времето.

koi-ovoshni-plodovi-treba-da-gi-konsumirate-za-vreme-na-bremenosta-11.jpg

10. Сушено овојше

Содржи: хранливи влакна, витамини и минерали.

Сувото овошје ги содржи истите хранливи материи како и свежото овошје. Затоа, бремените жени можат да ја добијат својата „доза“ на витамини и минерали со јадење парчиња суво овошје што се помали од еквивалентната количина на свежото овошје.

Сепак, важно е да се запамети дека сувото овошје може да содржи многу шеќер и не содржи количина на вода што изобилува во свежото овошје. Ова значи дека не помага при варење.

Бремените жени, сепак треба да јадат суво овошје во умерени количини и треба да избегнуваат целосно зашеќерени плодови. Најдобро е сувото овошје да се консумира паралелно со свежото овошје.

koi-ovoshni-plodovi-treba-da-gi-konsumirate-za-vreme-na-bremenosta-12.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg