Како да препознаете сончаница? - Први симптоми и реакции

Сончаницата, односно топлотниот удар, е сериозна здравствена состојба која настанува после подолго изложување на главата на висока температура и сонце.

kako-da-prepoznaete-soncanica-prvi-simptomi-i-reakcii-001.jpg

Првите симптоми се главоболка, вртоглавица, немир, збунетост, црвенило на лицето и температура на телото над 38 степени.

Подоцна може да се јави и зуење во ушите, проблеми со видот и малаксаност.

Што да направите?

Тргнете се под сенка. Соблечете ги работите кои ви се вишок – чорапи, чевли, капа (доколку сте заштитени од сонце), како би го забрзале ладењето на телото.

Разладете се со умерено ладен туш или ставете мокра крпа на задниот дел од вратот, на нозете и под пазувите.

Ако постои можност, пропрскајте се со вода и разладете се со вентилатор. Никако под клима.

kako-da-prepoznaete-soncanica-prvi-simptomi-i-reakcii-2.jpg

Забрането е разладување со алкохолни пијалаци.

Легнете и свртете се на левата страна. На тој начин циркулацијата ќе се забрза.

Пијте солена вода (1 лажичка сол на 1dl вода) но не пребрзо.

Останете мирни, без паника, дишете длабоко и синхронизирано. Нежната масажа секогаш помага, посебно на листовите од нозете.

Во зависност од јачината и траењето, обратете се на стручни лица. Ако главоболката, вртоглавицата и црвенилото траат подолго од 1 час, задолжително јавете се на брза помош.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg