4 знаци дека ги четкате забите многу грубо + како правилно да ги исчистите?

Ако мислите дека грубото четкање подобро го чисти забите, кога-тогаш ќе се соочите со многу проблеми со деталното здравје.

4-znaci-deka-gi-chetkate-zabite-mnogu-grubo-kako-pravilno-da-gi-ischistite-01.jpg

За правилно да ги исчистите забите треба да се фокусирате на тоа да ја отстраните целата храна од нивната површина и просторот меѓу нив, но грубото четкање нема да ви помогне во тоа. Многу поважен е начинот на којшто ги четкате забите, како и чистењето со конец.

Погледнете кои се знаците дека ги четкате забите многу грубо, но и како правилно да го направите тоа:

Забележувате повлекување на непцето

Грубото четкање може да го оштети нежното ткиво на непцето, па со текот на времето постои ризик тоа да почне да се повлекува. Бидејќи непцето не се регенерира како останатите ткива во организмот, за овој проблем ќе морате да одите на заболекар.

Ако сте забележале дека вашето непце почнало да се повлекува, немојте да ја одложувате посетата на заболекар, бидејќи подоцна сигурно ќе се соочите со кариес и бројни други проблеми со забите.

Иако постојат и други причини за повлекување на непцето, имајте на ум дека со грубото четкање го зголемувате ризикот од оваа појава.

4-znaci-deka-gi-chetkate-zabite-mnogu-grubo-kako-pravilno-da-gi-ischistite-02.JPG

Забите ви се премногу чувствителни

Грубото четкање може да го оштети емајлот на забите и ова, заедно со повлеченото непце, може да ги направи забите почувствителни.

Ако забележите дека чувствувате болка кога пиете нешто многу топло или многу студено, или чувствувате болка кога јадете потврда храна, одете на заболекар, но и почнете понежно да ги четкате забите.

Вашата четка изгледа истрошено (како на фотографијата)

Вашата четка никогаш не би требало да изгледа вака, дури и по неколку месеци користење.

Ако си ја препознавате четката на фотографијата, тоа е знак дека ги четкате забите многу грубо. Истовремено, не заборавајте дека добро би било да ја менувате четката на секои 3-4 месеци.

4-znaci-deka-gi-chetkate-zabite-mnogu-grubo-kako-pravilno-da-gi-ischistite-03.JPG

Долниот дел од забите е потемен

Обрнете внимание на бојата на вашите заби – дали тие се потемни на долниот дел, веднаш над непцето? Ова може да биде знак дека непцето почнало да се повлекува.

Делот од забите кој е во непцето може да има потемна боја. Па, ако непцето почнува да се повлекува, вие ќе почнете да го гледате тој темен дел.

Како што напоменавме, ако забележите какво било повлекување на непцето, веднаш одете на заболекар.

4-znaci-deka-gi-chetkate-zabite-mnogu-grubo-kako-pravilno-da-gi-ischistite-04.JPG

Како правило да ги четкате забите?

Купете четка со меки влакна

Можеби мислите дека четката со покрути влакна подобро ќе ви ги исчисти забите, но со ова само ќе си наштетите. Подобро купете четка со меко влакно и повеќе фокусирајте се на начинот на којшто ги четкате забите.

4-znaci-deka-gi-chetkate-zabite-mnogu-grubo-kako-pravilno-da-gi-ischistite-05.JPG

Немојте никогаш да ги триете лево-десно. Наместо тоа, четкајте ги горните заби од горе надолу, а долните обратно. Потоа исчеткајте ги предните заби со кружно движење.

Не заборавајте да ги исчеткате и катниците (од страните и горниот дел), како и внатрешниот дел од забите.

4-znaci-deka-gi-chetkate-zabite-mnogu-grubo-kako-pravilno-da-gi-ischistite-06.jpg

На крај, препорачливо е да употребите и конец за целосно да ја отстраните храната од просторот меѓу забите.

Држете ја четката со три прсти, како пенкало

На овој начин многу полесно ќе го контролирате притисокот што го нанесувате со четката и ќе можете понежно да ги исчеткате забите.

Не заборавајте дека за добро да ги исчистите забите, грубото четкање не прави ништо – многу поважно е да го поминете секој дел од забите, особено просторот меѓу нив.

4-znaci-deka-gi-chetkate-zabite-mnogu-grubo-kako-pravilno-da-gi-ischistite-07.JPG

Користете паста која не многу абразивна

Абразивните пасти за заби, во комбинација со грубото четкање, речиси сигурно ќе го оштети емајлот.

Затоа, обидете се да купите паста која е „понежна“ за забите. Во овој случај најдобро е да се консултирате со вашиот заболекар, но и да ги избегнувате пастите за избелување заби кои обично имаат абразивни елементи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg